Регион
Кога некој може да влезе во Словенија зависи од тоа која вакцина ја примил

Словенија донесе одлука со која поинаку се третира влезот во таа земја, со оглед на видот на вакцината што ја примил патникот.
Шефот на Штабот за цивилна заштита на округот Истра, Дино Козлевац, објаснува дека оној што ја примил вакцината на „Модерна“ може да влезе во Словенија 14 дена по вакцинацијата.
Оние кои ја примиле вакцината на „Астразенека“ можат да влезат 21 ден по првата вакцинација, а со вакцината на „Фајзер“ седум дена по втората вакцинација, пишува весникот „Глас Истра“.
„ Секој што прележал Ковид-19 може да влезе во Хрватска и Словенија со лекарско уверение кое важи шест месеци. Затоа, оние кои прележале и биле вакцинирани не треба да имаат негативен тест, како и хрватските граѓани кои официјално одат во Словенија, заради безбедност, цивилна заштита и здравје “, рече Козлевац.
Словенија од петокот ги заостри мерките на границата: дневните мигранти, т.е. студенти постари од 13 години и оние кои работат во словенечки компании, мораат да имаат негативен антиген тест, кој не е постар од седум дена. По истекот на тој период, антиген тестот мора да се повтори, а тоа, според Козлевац, може да се направи во Умаг, Пореч и Бузет.
Луѓето што превезуваат студенти и оние кои користат здравствени услуги во Словенија, мораат да направат и антиген тест, а тестовите ќе ги плаќаат со свои пари. Сите други кои патуваат во Словенија од оправдана причина мора да направат тест за ПЦР.
Од друга страна, луѓето во транзит не мора да имаат тест или какво било уверение при влез во Словенија.
Одлуката на словенечките власти на границите ќе важи најмалку до 2 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенија дозволи вакцини од „Астразенека“ да примаат сите освен хронично болните

Словенија ги укинува ограничувањата за вакцината на „Астразенека“, така што во иднина со неа ќе можат да се имунизираат сите, без оглед на возраста и полот, освен ако не станува збор од особено ранлива група на хронично болни.
Како што пренесе словенечката телевизија, владата ја донела ваквата одлука на предлог на медицинско советодавно тело водено од мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА), која минатата недела, по анализата, утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека придобивките од неа се многу поголеми од можните ризици, па со примена може да се продолжи и покрај ретките случаи на појава на згрутчување на крвта.
Некои членки на ЕУ, дури и по таквата позиција на европскиот регулатор, одржуваа или воведоа одредени ограничувања за групи од популацијата што треба да се вакцинираат, додека Словенија во последните неколку недели ја употребуваше вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.
Во иднина, вакцината на „Астразенека“ во Словенија може да ја користат сите групи, освен хронично болни пациенти со висок ризик, а оние што ќе одбијат имунизација со неа кога ќе им дојде редот, ќе мора да чекаат подолго, односно да застанат на крајот од редот, пренесува порталот Индекс.хр повикувајќи се на словенечките медиуми.
Регион
(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче.
Снимката прво беше објавена од порталот Поглед.ба, а наскоро беше пренесена и од други медиуми во БиХ.
Видеото е направено вечерта на 10 април, а на него се гледа како млад човек трча кон влезот на зграда. Наскоро го стигнува еден полицаец, а потоа и друг.
Настанот најверојатно е снимен од надзорната камера поставена на влезот од зградата. Полицајците дивјачки го претепале момчето. Прво со раце, а потоа и со нозе.
Подоцна се дозна и идентитетот на жртвата на полициската бруталност, Славен Блажевиќ, кој во изјава ја раскажал својата страна на приказната и дал детали за нападот:
„Бев кај пријател во соседната зграда и во тие моменти одев кон мојата зграда. На пат кон дома забележав полициско возило како застанува малку подалеку од мене и во тој момент побрзав да влезам во зградата свесен дека го прекршив законот за забрана за движење, во обид да избегнам можна казна“, рекол тој на почетокот од своето објаснување:
„Како и да е, полицијата ме фати пред зградата. Видеото покажува што се случи понатаму. Се извинив што го прекршив полицискиот час, понудив да ја платам казната, но тие почнаа да ме удираат. Потоа, ме одведоа во полициска станица. Во возилото неколку пати им реков дека не ми е добро. Во станицата ми издадоа налог на кој пишуваше дека сум го прекршил правилото за движење. Никаде не беа споменати повредите, само пишуваше дека сум ја прекршил забраната за движење од 21 до 5 часот. Откако го напишаа прекршочниот налог, ме пуштија да одам дома пеш“, изјавил Славен за Поглед.ба, додавајаќи дека на пат до дома тој постојано стравувал дека повторно ќе биде зaпрен поради прекршување на забраната.
„После тоа, отидов на итен медицински преглед, сам, бидејќи не се чувствував добро. Дури и повраќав неколку пати додека одев кон дома“, објаснува тој.
Исто така за медиумите потврдил дека ангажирал и адвокат, односно дека ќе покрене приватна тужба против двајцата полицајци.
Полицијата веќе му се извини на момчето и соопшти дека полицајците се суспендирани, а случајот му е предаден на Обвинителството.
„Двајцата полицајци веднаш беа отстранети од должноста, започната е внатрешна истрага за да се испитаат сите аспекти на ваквото однесување и да се утврди постоењето на елементи на кривична одговорност на полициските службеници. Првичните информации за настанот беа проследени до Обвинителството. Ваквото однесување и вакви личности не можат и не смеат да имаат место меѓу полициските службеници“, се наведува во соопштението на Министерството.
Попладнево стотици граѓани на Мостар се собраа пред две полициски згради во центарот на градот во знак на протест против полициската бруталност над младиот човек.
Регион
Турција го замрзна договорот за хеликоптери со Италија по обвинувањето за диктатура

Турција замрзна профитабилен договор за купување хеликоптери од Италија, вреден 70 милиони евра, откако минатиот четврток италијанскиот премиер, Марио Драги, го нарече турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, диктатор, пренесуаат италијанските медиуми.
За време на посетата на највисоките претставници на ЕУ во турската престолнина Анкара минатата недела, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и Ердоган седнаа во позлатени столови, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, остана збунета и немаше стол, па беше седната на троседот покрај нив, спроти турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
“Uhm …”
Ursula von der Leyen, president of the European Commission, stood stunned. As President Recep Tayyip Erdogan of Turkey and Charles Michel, president of the European Council, sat in their gilded seats for a photo op, there was no chair for her. https://t.co/NaUlY8G7gF pic.twitter.com/RZ3ir7K3KF
— The New York Times (@nytimes) April 7, 2021
Распоредот на седење беше остро критикуван од меѓународната заедница како мизоген, а вината беше префрлена на Турција како домаќин.
Иако Турција подоцна објасни дека Мишел и тимот на ЕУ се тие што ги подготвиле аранжманите за седење и им ги дале на турските власти пред посетата – што некои го толкуваат како игра на моќ меѓу европските лидери – италијанскиот премиер Драги на прес-конференција изјави жалење за понижувањето на Фон дер Лаен и го обвини Ердоган дека е диктатор и дека несоодветно се однесува.
По овие обвинувања, Чавушоглу ја осуди неприфатливата популистичка реторика на Драги и неговите грди изјави за турскиот претседател, при што турската влада му вложи протестна нота на италијанскиот амбасадор и побара извинување од Рим.
Сепак, одговор од италијанската влада нема, што ја поттикна Турција да го замрзне значајниот договор за набавка на хеликоптери за обука од Италија, што требаше да биде потпишан оваа недела, пишуваат „Ла Република“ и „Ил фато куотидиано“.
Освен тоа, турската влада, наводно, издала предупредување до голем број италијански компании кои работат во Турција, како што е енергетската компанија „Ансалдо енергија“, која гради електрани во земјата.
Овој скорешен спор меѓу Анкара и Рим доаѓа во време кога двете земји ја зголемија политичката и економската соработка во регионот во изминатите неколку години, што се покажа со објавата во февруари дека од Италија во Турција влегле речиси милијарда американски долари директни инвестиции минатата година.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш