Контакт

Регион

Кокаински скандал ја тресе војската во Црна Гора, уапсен подофицер

Објавено пред

Воената полиција на Црна Гора уапси подофицер поради сомнежи за вмешаност во трговијата на 50 килограми кокаин, кои биле запленети на бродот за обука „Јадран“ во Тиват.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана.

Полицијата го сомничи подофицерот оти знал за намерата на, засега неидентификувано лице, да криумчари кокаин, а покрај дрогата биле пронајдени и повеќе парчиња нелегално оружје, јави Радио-телевизија Црна Гора.

 

Регион

Стршен каснал жена во Србија, починала веднаш

Објавено пред

Жена од Лесковац на југот од Србија починала викендов во својата куќа кога била касната од стршен.

Србинката на возраст од 36 години собирала алишта на терасата од семејната куќа кога ја каснал инсектот, пренесува „Блиц“.

Жената умрела на самото место.

Сепак, нејзиното семејство се јавило во итната помош на амбулантата во Лесковац.

Соседите на младата жена велат дека трагедијата се случила околу 14 часот.

„Стршенот веројатно бил скриен во алиштата. Слушнав две-три врескања додека минував по улицата и ништо повеќе“, изјавил еден од соседите.

Друг, пак, рекол дека станува збор за вистинска трагедија.

„Кога се вратив од продавница, ми рекоа дека веќе ја нема. Ужас, овде вакво нешто досега не се случило“.

Жената зад себе остава мало дете и своите родители.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска отворена телефонска линија за кинески туристи, ќе се јавуваат полицајци од Кина

Објавено пред

Дирекцијата на хрватската полиција денеска објави дека е отворена посебна телефонска линија за кинеските туристи.

Имено, станува збор за проектот „Безбедна туристичка сезона“ во рамките на кој е воспоставена специјална телефонска линија за потребите на кинеските туристи.

Од Дирекцијата известуваат дека на повиците на кинеските туристи ќе одговорат кинески полициски службеници кои учествуваат во проектот.

Прикажи повеќе...

Регион

Запленети 100 килограми канабис во Грција, уапсени Грк и Албанец

Објавено пред

Во грчкиот регион Теспротија полицијата заплени повеќе од 100 килограми канабис и уапси две лица, еден Грк и еден Албанец.

Теспротија е блиску до границата со Албанија, а полицијата во петокот при рутинска контрола на возило пронајде 99 пакети канабис со тежина од 102 килограма.

Според „Катимерини“, уапсени се 40-годишен Грк и 36-годишен граѓанин на Албанија, кои се обвинети за шверц со дрога.

Албанецот се соочува со други обвиненија поради нелегален влез во земјата бидејќи претходно му бил забранет влез во Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија43 минути

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 односно за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на...

Македонија3 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава4 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет4 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет5 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион5 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт14 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа16 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт17 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет17 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт17 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион18 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион18 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија21 час

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура22 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа22 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија22 часа

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија23 часа

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Свет1 ден

(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија...

Свет1 ден

Протести во Чикаго против имиграционата политика на Трамп

Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се...

Досие