Контакт

Регион

Колинда: „Албанците се наши браќа по оружје“

Објавено пред

Хрватска силно ја поддржува европската интеграција на Албанија и го поздравува напредокот што го постигна досега во исполнувањето на критериумите потребни за членство во ЕУ, рече хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во албанскиот парламент.

Таа, исто така, ја искористи можноста да ѝ честита на албанската страна за одлуката на Европскиот совет за почнување пристапни разговори во јуни 2019 година.

Во својот говор таа исто така се осврна и на „трајното и неразделно пријателство” меѓу двете земји и улогата на албанското национално малцинство во хрватското општество.

Таа потсети дека „Албанија им била пријател кога им било потребно и дека многу Албанци се бореа во војната во Хрватска“.

„Бевме буквално браќа по оружје, пред да се здружиме во НАТО во 2009 година. Многу Албанци го жртвуваа својот живот за Хрватска и веруваат во мене – Хрватска нема да го заборави тоа”, додаде таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ – постери со пратениците се појавија во Грција

Објавено пред

Постери со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против преспанскиот договор во парламентот, осамнаа низ повеќе градови во Грција, пишуваат грчките медиуми.

Постерите се со фотографии од пратениците од редовите на СИРИЗА и Независни Грци, а до нив стои „ти ќе ја предадеш нашата Македонија“.

„Грик рипортер“ пишува дека не е познато кој стои зад кампањата.

Договорот за името се очекува кон крајот на месецот да стигне на ратификација во грчкиот Парламент. Од оваа перспектива, како што пишува „Грик рипортер“, се верува дека владата обезбедила 151 глас потребен за договорот да добие зелено светло, и покрај тоа што партијата Независни Грци (АНЕЛ) која беше коалиционен партнер на Ципрас, се повлече од владата во неделата.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Малолетник од Хрватска осуден на затвор во Австрија, со нож избол соученик

Објавено пред

Во австрискиот град Корнеубург деновиве се одвиваше судење кое предизвика реакции во тамошното општество. Во случајот му се суди на 16-годишен Хрват, кој во медиумите е претставен само со иницијал К., кој е обвинет за обид за убиство на една година помлад соученик кого на 2 мај минатата година пред училиштето во виенскиот кварт Вахринг го избол со нож.

Во истиот случај обвинет е и избодениот, кој се товари дека неговиот напаѓач претходно го малтретирал и уценувал, па од него извлекол повеќе стотини евра. К. пред неколку години со својата мајка се доселил од Хрватска во Австрија, а повреденото момче е роден Австриец со египетско потекло.

Прикажи повеќе...

Регион

Еди Рама си додели уште една функција

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама одлучи да ја преземе и должноста шеф на дипломатијата зашто претседателот на Албанија одби да го потврди именувањето на Гент Чaкај, кој требаше да го замени Дитмир Бушати, кој беше сменет.

Како што пренесува „Балкан инсајт“, Мета одбил да го потпише указот за именување на Чакај за министер со образложение дека нема доволно кредибилитет за таква висока функција, а Рама на „Твитер“ напиша дека неговиот потег е во спортивност со Уставот и дека со тоа ќе се занимава Уставниот суд.

„До тој ден на таа позиција де јуре, ќе бидам јас, бидејќи немаме време за губење“, нагласи Рама.

„Балкан инсајт“ оценува дека не е вообичаено премиерот да врши и министерска функција, но исто така додава и дека пред Илир Мета не бил забележан случај претседател да одбие да именува министер предложен од премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот, кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија8 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциска

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија15 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија1 час

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија2 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија2 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија4 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион5 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести5 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија5 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет6 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет6 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет7 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет8 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет18 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион19 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие