Регион
Командант на босанската армија осуден на осум години затвор за убиство на 27 хрватски цивили

Судот на Босна и Херцеговина го осуди поранешниот командант на босанската армија, Енвер Буза, на осум години затвор за убиство на 27 хрватски цивили во северниот град Уздол.
Конечната пресуда ја намали казната од 12 години затвор, која претходно ја утврди долниот суд, пренесува порталот „Бирн“, кој ја следи обработката на воените злосторства.
Според хрватската страна, во Уздол во општината Јабланица на 14 септември 1993 година припадници на армијата на БиХ убиле 41 хрватски цивили и војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Малезија скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал

Синоќа малезиски државјанин скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал. За ова била известена полицијата во Мостар, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесува „Кликс“.
Портпаролот на МУП на ХНК, Људевит Мариќ за „Klix.ba“ вели дека полицајците веднаш по пријавата излегле на терен.
На местото на настанот дознале дека е малезиски државјанин, но не нашле никакви документи.
Од таму објаснуваат дека било ноќ и условите не дозволувале потрага, но дека денеска истата ќе може да се спроведе.
Регион
Турска воена база ракетирана во северен Ирак

Турската воена база Зилкан во областа Ниневија во северен Ирак денеска била погодена со ракети, соопштија претставници на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.
Според соопштението на антитерористичкиот оддел на курдскиот регион во Ирак, врз базата Зилкан биле лансирани најмалку осум проектили, од кои два ја погодиле целта, пренесува АП.
Одговорноста за нападот ја презеде Бригадата на исламскиот отпор – Ахрар ал-Ирак, организација која е составен дел на шиитските милиции поддржани од Иран.
Претставник на турското Министерство за одбрана, кој даде изјава под услов да остане анонимен, рече дека во нападот на базата Зилкан нема жртви или штети.
Од 2019 година Турција спроведува воени операции во северен Ирак, каде што се бори против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има упориште во овој регион. Анкара изгради неколку воени бази на северот на Ирак, што предизвика големо незадоволство кај официјален Багдад, кој ги смета овие бази за незаконски.
Регион
Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош.
Како што се наведува, се работи за 68-годишна жена, на која првин ѝ се слошило.
Авионот од Келн принудно слета во Белград во 22.24 часот. Авионот летал за Ниш.
Помош од лекарите на оваа служба најмногу барале граѓани со покачена температура и пациенти со кардиоваскуларни заболувања поради проблеми со задушување.