Регион
Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија поради Харадинај
Властите во Приштина побараа од Европската унија во четвртокот врз Србија, којашто е земја кандидат за членство, да изврши притисок и да се откаже од меѓународниот налог за апсење за поранешните косовски герилци, вклучително и налогот за поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој е уапсен во Франција.
Рамуш Харадинај, еден од командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), во средата беше уапсен на аеродромот Басел-Мулус во источна Франција врз основа на меѓународната потерница која ја издаде Србија, иако сегашниот челник на косовска опозиција против кој Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија во Хаг водеше процес за воени злосторства сторени во судирот 1998/1999 година, беше ослободен во 2008 откако му беше судено по 37 обвинувања и потоа повторно ослободен на апелациониот суд во 2012 година.
Владата во Приштина и тамошните опозициски лидери веднаш повикаа да запрат преговорите за нормализација на односите со Србија кои се водат со посредство на ЕУ. Тие преговори се предуслов за двете земји во процесот на приближување кон полноправното членство на ЕУ.
Од безбедносни извори беше соопштено дека Србија издала меѓународни потерници за околу 20 лица од нејзината поранешна јужна покраина, повеќето припадници на ОВК.
„Со ваквото примитивно постапување, Србија не само што му наштетува на духот на дијалогот за добрососедски односи, туку исто така покажува дека е дестабилизирачки фактор во целиот регион и оттаму меѓународните партнери би требало сериозно да се загрижат“, изјави косовската министерка задолжена за дијалогот со Србија под покровителство на ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучевиќ: Разговорот на Вучиќ со Трамп е добар знак за нашата земја
Српскиот премиер Милош Вучиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил меѓу првите лидери кои разговарале со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека тоа е добар знак за Србија.
Вучиќ изјавил дека ова е добра вест за земјата и дека бил задоволен од разговорот на кој присуствувал и Илон Маск.
„Претпоставувам дека тоа е добар знак за Србија. Претпоставувам дека тоа е нешто со што треба да се гордееме, добра вест“, изјави Вучевиќ.
Милош Вучевиќ изјави и дека најважно во овој момент е државните органи да утврдат зошто и како се урнала настрешницата на железничката станица во Нови Сад, што го очекуваат и семејствата на загинатите во таа огромна трагедија и најави дека обвинителството може во следните два-три дена да излезе со првите информации.
Регион
Прв снег и во Србија, температурата синоќа беше минус пет степени
На Копаоник од утринава паѓа снег. Забеле и во Златибор и во околината на Прокупац.
Од утрово на Копаоник паѓа слаб до умерен снег.
Природна покривка има речиси еден сантиметар на надморска височина од 1.000 метри до врвовите.
Ова е прв снег оваа зима во Србија, а според метеоролозите од Метеоролошката станица на Копаоник, врнежите се очекува наскоро да престанат, пренесува rts.rs.
Температурата синоќа се спушти до минус пет степени.
Метеоролозите и надлежните предупредуваат на густа магла и дополнителна претпазливост за возачите, бидејќи видливоста е намалена.
Во пониските предели повремено врне и слаб дожд. Температурата на повисоките места ноќе е околу нула или степен пониска, додека дење е потопло.
Регион
Во Тирана средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справувањето со предизвиците од европската агенда
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска, во Тирана, оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји.
Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, со што го почнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“. Воедно, тој ја потенцира подготвеноста на Северна Македонија за почнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат.
Министрите Муртезани и Хасани ги реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда.
Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи, кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји.