Контакт

Регион

Косово го врати полицискиот час

Објавено пред

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, соопшти дека од денеска во некои градови се воведува полициски час поради зголемениот број случаи на коронавирус.

Во Приштина, Призрен, Урошевац и во Вучитрн во сила ќе биде забрана за движењње од 21 до 5 часот наутро.

Работата на рестораните се ограничува само на летни тераси и со достава.

Хоти најавил дека ќе бидат обезбедени поголем број тестови за да може дневно да се прават и по 500 тестирања.

Планирана е реорганизација на Универзитетскиот клинички центар, но и ставање на располагање на приватните болници.

Регион

Во Бугарија 12 луѓе починати и 116 новозаболени од коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 116 нови случаи на ковид-19.

Од коронавирус починале уште 12 луѓе, пренесе агенцијата БТА. На интензивна нега се 54 пациенти, а во целата држава моментално активни се 5.073 случаи.

Прикажи повеќе...

Регион

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба

Објавено пред

Поради лажен повик за бомба била прекината свадба на која имало 180 гости во Добој, БиХ. Полицијата дошла поради дојава за бомба, а затекнала сала преполна со гости, кои за време на пандемијата на коронавирус, не ги почитувале мерките за заштита.

Полицијата го осомничи Д.Т. дека организирал свадбена забава во ресторан во Добој минатиот викенд за неговата ќерка. Оваа свадбена прослава била прекината кога непознато лице лажно пријавило дека во салонот е поставена бомба.

Полицијата го обвинува таткото на невестата за кршење на сите одлуки за епидемиолошката состојба. Полицијата во Добој соопшти дека од 170 до 180 гости присуствувале на свадбената забава.

Прикажи повеќе...

Регион

Децата во Србија ќе одат на училиште со скратени часови и на растојание од 1,5 метар

Објавено пред

Најмладите ученици се враќаат во училиштата во Србија, додека за поголемите се очекува комбинирана онлајн настава со одење во училиште.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ објасни дека најмалите ученици ќе ја следат наставата во училиштата со почитување на сите мерки, со што ќе се намали можноста за ширење на вирусот.

Во една училница ќе може да има по 15 ученици, кои ќе седат на растојание од еден и пол метар. Часовите ќе бидат скратени на 30 минути.

Кисиќ Тепавчевиќ после седницата на кризниот штаб, изјави дека се разгледуваат сите аспекти како што се бројот на ученици во училиштата, возраста на децата, а посебно се води сметка и за актуелната епидемиолошка ситуација.

Според неа, моменталната епидемиолошка ситуација во Србија е поволна.

„Направивме се за нашите најмлади ученици да следат што е можно повеќе настава во училиштата. Тоа е значајно за нивното идно школување. За повисоките одделенија имаме различни комбинации за водење на наставата“, изјави Тепавчевиќ.

Првиот училиштен ден од новата учебна година ќе биде целосно посветен на тоа како да се спречи ширењето на вирусот.

Наставниците ќе мораат цело време да носат маска, а за учениците допрва ќе се одлучува како и во кои ситуации ќе треба да ги носат маските, а кога ќе може да ги извадат.

„Се препорачува носење на маска за цело време додека се во училиште, но за учениците можно е да им се дозволи да ги извадат кога седат во клупите, иако е препорачливо нивно носење“, додава Тепавчевиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Над 8.000 лица досега оздравеле во Македонија од коронавирус

Вкупно 8.087 лица се водат како оздравени од коронавирус во земјава, од почетокот на пандемијата. Според податоците, само вчера беа регистрирани...

Свет2 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија2 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ2 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет3 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет4 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет5 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа5 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет16 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет17 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија18 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет19 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија19 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет20 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет20 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет21 час

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија22 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија24 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Досие