Контакт

Регион

Косовската царина почна со примена на новите мерки кон сите производи од Србија

Објавено пред

Косовската царинска служба почна да ја применува одлуката на косовската влада за дополнително оданочување од 10 отсто на увоз на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина, потврди потрпаролот на косовската царина, Адриатик Ставиљеци.

Тој рекол дека се работи за обем на стока вредна милиони евра во текот на годината.

„Мораме да имаме во вид дека постои голем обем на увоз од Србија бидејќи за една година увезуваме околу 400 милиони евра производи, додека од Босна и Херцеговина во една година увезуваме стока вредна околу 80 милиони евра“, рекол Ставиљеци за приштинските медиуми.

Одлуката на косовската влада за 10 проценти да го зголеми данокот на сите производи од Србија е опасна и противправна, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Регион

Протести во Бугарија, блокирани граничните премини

Објавено пред

Илјадници Бугари ги блокираа главните улици и граничните премини кон Турција и Грција во знак на протест против поскапувањето на горивата во најсиромашната земја во Европската Унија.

„Анадолија“ објави дека биле блокирани и граничните премини со Романија и со Србија.

Протестите се одржуваат секој викенд во текот на изминатиов месец. Демонстрантите повеќе часа го блокираат сообраќајот на повеќе места на главните автопати.

На автопатот кој води кон границата со Турција полицијата се обидела да ги спречи возачите да го блокираат сообраќајот, но тие го пробиле кордонот.

Протестни собори се одржаа во Софија и во другите поголеми градови, а учесниците и за утре најавија блокади на улиците.

Прикажи повеќе...

Регион

„Колона на сеќавање“ во Вуковар

Објавено пред

Во Хрватска се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, тој ден Хрватите го сметаат падот на тој град. Во „Колона на сеќавање“ присуствуваа државниот врв на Хрватска, Здруженијата на бранители и голем број граѓани.

„Колоната долга пет ипол километри, се одржува секој 18 ноември во знак на сеќавање на влезот на единицата на ЈНА во 1991 година во овој град.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ, членови на владата и илјада граѓани се собраа во дворот на вуковарската болница, од каде тргнаа кон меморијалните гробишта, каде ќе одадат почит на вуковарските жртви.

„Нема прошка, нема амнестија кај воените злосторства. Воените злосторства не застаруваат“ порача Пленковиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Објавено пред

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта, пренесуваат грчките медиуми.

Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски екипи возвратија со солзавец, шок бомби и топови со вода.

Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде се наоѓа Политехничкиот факултет. Во нередите демонстранти го запалија и американското знаме.

Во нередите кои траеа речиси 4 часа, уапсени се 19 лица, а неофицијално повредени се двајца полицајци.
Во маршот од Политехничкиот факултет до американската амбасада учествуваа и министри и пратеници од „Сириза“. Протести имаше и во Солун и Патра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт52 минути

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа4 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести5 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија5 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет7 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија8 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски10 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет10 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион11 час

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет12 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие