Регион
Коцијанчич му одговори на Вучиќ: Прво критериуми, па членство за Србија во ЕУ

Пред приемот во Европската Унија, Србија мора да ги исполни јасно дефинираните критериуми и да продолжи да работи на договорот за нормализација на односите со Косово, изјави за РСЕ портпаролката на високата претставничка на ЕУ, Маја Коцијанчич.
На овој начин таа одговори на пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вчера во интервју за „Ројтерс“ рече дека во случај на постигнување договор со Приштина, Србија треба да добие јасни гаранции дека ќе стане членка на Унијата до 2025 година.
Европската Унија, потсети Коцијанчич, има два важни елемента врз кои го базира пристапот кога станува збор за проширувањето.
„Европската комисија во Стратегијата за Западен Балкан определи индикативен датум, но јасно рече дека критериумите мора да бидат исполнети. Тоа е клуч што во рацете го има само Србија. Значи, Србија е таа што мора да го направи она што е потребно за напредок во процесот на проширување. Исто така, јасно е определено и дека мора да продолжи да работи на договорот помеѓу Белград и Приштина за сеопфатна нормализација на односите. Оваа работа е во тек и ние бевме јасни какви се нашите очекувања“, рече Коцијанчич.
Високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изјави дека и понатаму верува оти договорот помеѓу Србија и Косово за сеопфатна нормализација на односите и понатаму е возможен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Новите министри во Грција положија заклетва

Шест нови грчки министри во владата на Алексис Ципрас положија заклетва во палатата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, откако претходната недела грчкиот премиер, Алексис Ципрас, соопшти дека ќе направи мини-реконструкција во неговиот кабинет, пренесе грчката новинска агенција „АНА-МПА“.
Јоргос Катругалос го презеде Министерството за надворешни работи, ресор што беше во рацете на грчкиот премиер по оставката на Никос Коѕијас.
Новите министри кои положија заклетва пред претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас се Ранос Моратис (инфраструктура и транспорт), Ангелос Толкас (политиката на миграција), Елефтериа Чацигорги (внатрешни работи) и Константин Баркас (работа, социјално осигурување и социјална солидарност), а Атанасиа Сиа Анагностопулу е назначена за заменик-министер за надворешни работи.
На церемонијата за полагање заклетва на новите членови во реконструираниот кабинет на Алексис Ципрас присуствуваа семејствата на новите функционери и блиските соработници.
Регион
Во Романија од грип починаа 135 лица

Романските здравствени власти објавија дека во земјата од грип починале уште четири лица, со што билансот се искачи на 135 мртви.
Се наведува дека жртвите во најновите случаи имале помеѓу 26 и 87 години.
Кај четворицата бил потврден вирусот на грип од типот А, а ниту едно од починатите лица не било вакцинирано.
Регион
Албанската опозиција го напушта парламентот

Албанската опозициска Демократска партија најави дека планира нејзините пратенинци да поднесат оставки на пратеничките места во парламентот поради, како што наведуваат, корупција и неефиканост на владата на Еди Рама.
Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека парламентарната група одлучила да ги врати мандатите, пренесе АП.
Баша побара да се воспостави преодна влада до одржувањето на вонредните избори.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал