Контакт

Регион

Коцијанчич: Не е неуспех и ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година

Објавено пред

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изјави дека не е неуспех ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година како што е наведено во нацрт-стратегијата за Западен Балкан.

Коцијанчич како одговор на прашањето на „Танјуг“ дали може да се нарече неуспех ако не се постигне договор до 2019 година и во контекст на изјавата на српскиот претседател, кој во Косовска Митровица рече дека решението не е на повидок, но дека се надева дека договорот би можел да биде постигнат во текот на 10 или 20 години, рече:

„За мене, постигнувањето договор никогаш не е неуспех“, рече Коцијанчич во Брисел.

Таа не сакаше да спомне конкретен датум за постигнување договор бидејќи тоа, како што истакнува, зависи од нивниот напредок.

Регион

Албанската опозиција го напушта парламентот

Објавено пред

Албанската опозициска Демократска партија најави дека планира нејзините пратенинци да поднесат оставки на пратеничките места во парламентот поради, како што наведуваат, корупција и неефиканост на владата на Еди Рама.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека парламентарната група одлучила да ги врати мандатите, пренесе АП.

Баша побара да се воспостави преодна влада до одржувањето на вонредните избори.

Прикажи повеќе...

Регион

Коѕијас го тужи Каменос за клевета, закани и за лажни вести

Објавено пред

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поведе тужба против некогашниот министер за одбрана, Панос Каменос, поради клевета, закани и ширење лажни вести, објави „Катимерини“.

Коѕијас во тужбата ги наведе заканите и притисоците на кои, како што тврди, бил изложен во врска со преспанскиот договор.

„Сметам дека е потребно судот да ме заштити“, изјави Коѕијас обвинувајќи го Каменос дека внимателно планирал како да му наштети уште од летото минатата година.

Коѕијас смета дека Каменос е одговорен за стотината заканувачки писма, текстуалните пораки и имејлови вклучувајќи и писмо во кое имало куршум.

Прикажи повеќе...

Регион

Убиството во Хрватска го извршила поделена личност која се казнувала живеејќи со мртвата сестра

Објавено пред

Полицијата сè уште не го знае мотивот за свирепото убиство во местото Меѓумурје, во Хрватска, кое го потресе регионот. Медицински лица кои се вклучени во истрагата велат дека кој и да е убиецот, има неизлечиво и тешко нарушување на личноста, односно поделена личност. Како мотив се наведува и љубомората.

Како што наведуваат психијатрите, доколку Смилјана е убиецот на својата сестра и ако таа ја ставила замотана во целофан во ладилникот и таму ја чувала цели 19 години, тогаш сигурно не се работи за ментално здрава личност.

„Никој нормален не би издржал ни пет дена покрај мртвото тело на својата сестра, а не па 20 години“, вели психијатарот Мирјана Назор.

За убиството дознала од телевизија, а зборува за можните дијагнози на луѓето кои извршуваат монструозен чин како овој.

„Би можело да се работи за поделена личност, а можеби во таа личност да живееле и неколку личности. Ако никој од луѓето со кои се дружела или нејзиното семејство со кое живеела не забележале никакви промени во нејзиното однесување откако ја убила сестра ѝ, тоа значи дека пред нив успевала да го задржи позитивниот дел од својата личност, додека оној изопачениот дел успевала да го задржи за себе“, тврди психијатарот.

Таа додава дека ментално здравите луѓе, дури и кога прават некакво лошо дело, имаат потреба тоа да го признаат за потоа што побрзо да го заборават, па дури и додека служат казна.

„Во овој случај не се работи за заборавање. Таа ја ставила својата сестра на место крај кое секој ден поминувала со години, па е можно на тој начин  себеси да се казнувала. Бидејќи немала сили да го пријави тоа во полиција. Во секој случај, ова нарушување не може да се излечи. Таа ќе мора доживотно да биде на лекови, а судските вештаци ќе проценат дали е способна за затвор или ќе заврши во некоја установа“, објаснува Назор и додала дека мотиви за убиството би можеле да бидат користољубие или љубомора.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија5 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија6 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија8 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија8 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија9 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија10 часа

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија11 час

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Култура11 час

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла...

Македонија11 час

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ12 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија12 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија14 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија15 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет16 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет17 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет18 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет18 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет19 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Досие