Регион
Курти: Во Приштина ќе одговарам на прашањата за ситуацијата на северот на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека „Во Приштина ќе одговара на прашања за ситуацијата на северот на Косово“.
Тој денеска ја посети Косовската академија за јавна безбедност, но, како што пренесува РТК, не сакал да зборува за настаните на северот на Косово.
Курти денеска се сретна со командантот на КФОР Ањело Ристиќ.
Косовската полиција рано денеска упадна во зградите на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде се собраа граѓани во обид да го спречат нивниот влез.
Постапките на косовската полиција денеска ги осудија американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер и американскиот сенатор Крис Марфи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Грција, почувствуван и во Атина

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу пладне во централна Грција.
Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Ливадиа, а тресењето на земјата е почувствувано и во реонот на Атина.
„Кратко, но силно“, сведочат Грците во ЕМСЦ.
„Се заниша на 2-ри кат“, велат тие.
Засега не се знае дали има материјална штета.
Регион
Скандал во Србија: Била отпуштена од работа затоа што ги критикувала Вучиќ и Брнабиќ

Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Време“.
Во отказното решение, до кое имале увид новинарите на порталот „Време“, се наведуваат цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка е прогласена за „неспособна за работа во државна институција“.
Решението за разрешување, според медиумот, го потпишал директорот на дирекцијата за радијациона и нуклеарна безбедност, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови.
Весникот „Време“ пишува дека таа никогаш не ја критикувала власта под нејзиното полно име, ниту во работното време, ниту ја споменала ниту коментирала институцијата во која работи.
Регион
(Видео) „Србија против насилството“-Нов протест во Белград

Во Белград денеска се одржува шестиот по ред протест „Србија против насилството“. Организаторите велат дека условите остануваат исти.
Актерот Сергеј Трифуновиќ зборуваше за тоа како актерите станаа најважна тема за „N1“.
„Мислам дека тоа е замена на тези. Луѓето кои зборуваа за актерите, Небојша Бакарец, Јелена Карлеуша, Наташа… како се вика… носителот на вилицата од која паѓаат пломби и пцости, ја познаваме жената 25 години. Сите се испратени само за да се отстрани она што всушност е тема во општеството: одговорноста на државата. Апсолутна власт, апсолутна одговорност. На 3 мај се случи „Рибникар“, на 4 мај Дубон и на 5 мај , се случи нешто што би предизвикало пад на секоја влада во која било држава, а тоа е случајот со педагог, педофил. Па 35 деца на порно сајт од човек чија единствена квалификација за работа и пристап до деца е членска книшка на СНС“, рече Трифуновиќ и додаде:
„Воопшто не сакам да зборувам за актерите. И јас сум актер и ме удрија во глава, па никој од колегите не се туркаше да ме спаси или да ми помогне. Последен пат го слушавме синот на Станика Глигоријевиќ, кој до солзи на сите нас овде ни рече: „Не можам да ја вратам мајка ми, но можам да барам правда“.
Радикализацијата на протестите е логичен и очекуван чекор што може да се очекува во секоја ситуација кога едната страна поставува барања, а другата ги игнорира, вели професорот Жарко Корач.
„Тие не поставија барања „Вучиќ веднаш си оди“, туку барања кои беа исполнети. Не ја обвинувам опозицијата, туку власта, бидејќи Вучиќ сака радикализација. Се што може да се случи ќе биде негова одговорност. Тој предолго е на власт, а судејќи по неговите изјави, веќе не сум сигурен дека е свесен што се случува на улица“, изјави Корач.