Контакт

Регион

Курти не учествува на неформалниот состанок на балканските лидери во Тирана

Објавено пред

Косовскиот премиер Аљбин Курти нема да учествува на неформалната средба на лидерите на Балканот денеска, на која ќе присуствува и комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархељ.

Портпаролот на владата на Косово, Перпарим Криезиу, на „Фејсбук“ напиша дека Курти добил покана за средба од премиерот на Албанија, Еди Рама, но дека поради учеството на конференција на Крит, Грција, не може да оди.

„Пред една недела, премиерот на Косово, Аљбин Курти, беше поканет од премиерот на Албанија, Еди Рама, на неформален ручек со еврокомесарот Оливер Вархељ во Тирана, каде што беа поканети и други премиери од Западен Балкан. Премиерот Курти го информира премиерот Рама дека нема да може да учествува бидејќи го потврди своето учество на конференцијата на Крит, Грција, каде што во истиот ден и во исто време пред неколку месеци е панелот за Западен Балкан“, напиша Криезиу.

Тој додаде дека Курти ќе учествува на самитот во Берлин.

„Секако, премиерот Курти ќе учествува на самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври 2023 година“, напиша Криезиу.

Учеството на денешниот неформален состанок во Тирана го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вршителот на должноста премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, како и претседателката на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Најново

Спорт8 минути

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт28 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт44 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...