Контакт

Регион

Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на Балканот, тоа е неприфатливо

Објавено пред

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на територијата на поранешна Југославија.

На заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот колега Никола Селаковиќ, Лавров рече дека идејата за „Голема Албанија“ како форма на решавање на косовскиот проблем, како и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека распадот на Југославија уште не е завршен се неприфатливи, многу штетни и провокативни.

„Разговорите за голема Албанија не се појавија денес, ние секогаш ги повикуваме нашите партнери од ЕУ и НАТО да ги пресечат таквите планови и да не дозволат да се форсира таква реторика“, рече Лавров.

„Тоа е многу опасна игра. Постои Резолуција 1244, која не е укината, а одговорните политичари, особено шефовите на владите на европските земји, немаат право да презентираат идеи што го поткопуваат самиот концепт утврден во Резолуцијата 1244″, рече Лавров.

Тој потсети дека Резолуцијата го почитува суверенитетот на Србија, како и дека статусот на Косово треба да се најде во преговорите меѓу Белград и Приштина.

„Како што рече претседателот Путин, ние ќе го поддржиме секое решение што и одговара на Србија“, рече Лавров.

На прашањето дали Вашингтон врши притисок врз Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, тој рече дека „секогаш има притисок“, но дека позицијата на Србија нема да се промени, бидејќи „никогаш нема да воведе санкции за Русија“, рече Селаковиќ

„Русија е наш стратешки партнер, наш пријател кој постојано нè поддржува“, додаде Селаковиќ, кој денес ја завршува дводневната посета на Русија.

Регион

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Објавено пред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од најважните бугарски револуционери.

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и регионот на Едрене“, напиша премиерот во оставка Бојко Борисов, на „Фејсбук“.

Днес се навършват 118 години от трагичната гибел на големия български революционер и македонски войвода Гоце Делчев, дал…

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, 4 May 2021

Тој додаде дека Делчев бил водач и идеолог на бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, подоцна позната како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Национален херој во Бугарија и Република Северна Македонија, порача Борисов.

„Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како набргу да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Неговиот вечен спомен!“, истакна бугарскиот премиер Борисов.

Прикажи повеќе...

Регион

Мирослав Лазански: Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија

Објавено пред

Србија очекува дека до пристапувањето во Европската Унија Брисел ќе го ублажи својот став кон Русија, изјави српскиот амбасадор во Москва, Мирослав Лазански, за „Известија“.

Во интервју за весникот Лазански зборуваше за односот на Белград кон европската политика за санкциите и плановите на земјата да ја произведува руската вакцина „спутник В“. Според амбасадорот, следната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија може да се случи пред крајот на 2021 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека очекува забрзување на пристапот на Србија во ЕУ.

Според  Лазански, Србија се надева дека ќе стане членка на ЕУ до 2025 година, но датумот може да биде одложен. Тој истакна дека Белград прави сè за целосно да ја приспособи својата позиција на критериумите потребни за да стане полноправна членка на ЕУ.

Лазански истакна дека Србија верува оти санкциите на ЕУ не се политика, туку недостиг од политика, и Србија, како што рече и Вучиќ, никогаш нема да воведе рестриктивни мерки против Русија.

„Бидејќи Србија сè уште не е членка на ЕУ, таа не е обврзана целосно да ја координира својата надворешна политика со онаа на Европската Унија“, рече тој, додавајќи дека дури и некои земји на ЕУ кои ги поддржуваат санкциите против Москва во пракса не ги применуваат целосно.

 

Прикажи повеќе...

Регион

На денешен ден пред 41 година почина Тито

Објавено пред

На денешен ден пред 41 година, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, почина во Љубљана.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, три дена пред неговиот 88. роденден.

Тито беше примен во болница во јануари поради проблеми со циркулацијата, а пред смртта му беше ампутирана ногата, за што не сакаше да се согласи сè додека беше свесен. Тој беше во вештачка кома од средината на февруари.

Веста за смртта на Тито на Југословените им ја соопшти спикерот на белградската телевизија, Миодраг Здравковиќ.

„Другарот Тито почина. Ова вечерва Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го соопштија на работничката класа, работните луѓе и граѓаните, народите и националностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“, гласеше веста.

Ковчегот со посмртните останки на Тито пристигна следниот ден со Синиот воз од Љубљана, преку Загреб, до Белград.

Три дена подоцна, 700.000 луѓе дојдоа на погребот. Присутни беа 209 државни делегации од 128 земји. Тоа беше најголемиот погреб на еден државник во 20 век.

На погребот беа присутни 31 претседател, 22 премиери, четворица кралеви, шест принцови и 11 претседатели на национални парламенти. Од светот поделен од Студената војна, државници од двата табора пристигнаа во Белград.

На погребот присуствуваа и Маргарет Тачер, потпретседателот на САД Волтер Мондајл, Индира Ганди, Хосни Мубарак, Садам Хусеин, Леонид Брежњев, Николај Чаушеску, шведскиот крал Карл XVI Густав …

Тито беше погребан во Куќата на цвеќето во Дедиње, каде покрај него од 2013 година почива неговата сопруга Јованка. Неговиот гроб, заедно со блискиот Музеј на Југославија, сè уште е дестинација за бројни туристи од целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Oд утре полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22.30 часот

Владата на денешната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните во согласност со која...

Регион8 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет9 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија10 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија12 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа14 часа

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија15 часа

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија16 часа

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет18 часа

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија19 часа

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија19 часа

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Свет20 часа

(Видео)15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити

Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти....

Свет20 часа

(Видео)Тепачка во џамија во Турција: Верниците ги прекршија корона-мерките, полицијата реагираше со солзавец

Во регионот Газиантеп во југоисточна Турција, во џамија настана тепачка во која учествуваа собраните верници и членови на Фондацијата „Фуркан“...

Македонија1 ден

(Видео) Се утврдуваат причините за пожарот над Галичник

Полициска екипа врши увид и ги утврдува причините за пожарот кој избувна вчера над Галичник. Директорот на Центарот за управување...

Македонија1 ден

Повторно гореше трска кај Калишта

Нов случај на запалена трска на брегот на Охридското езеро, во делото од Струга кон Калишта е забележан вчера. „На...

Топ2 дена

Жена со повреди на главата пронајдена мртва во куќа во Охрид

Жена е пронајдена мртва во викенд-куќа во Охрид. Нејзиното тело било пронајдено утрово, од маж со кој престојувале во куќата....

Топ2 дена

Дваесетгодишна девојка од Скопје со автомобил излетала од пат, повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Црешево. Според информациите на МВР, вчера...

Македонија2 дена

Кризниот штаб предлага полицискиот час да почнува од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22 и 30 часот

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење, односно...

Македонија2 дена

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 1.085 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Досие