Контакт

Регион

Лајчак: Косово и Србија мора да воспостават дијалог, во спротивно постои закана од ескалација

Објавено пред

Специјалниот пратеник на Европската Унија, Мирослав Лајчак, ги повика Србија и Косово повторно да воспостават дијалог за нормализација на односите, со цел да се избегне повторување на минатомесечното насилство на северот на Косово. По 24 септември, кога околу 30 вооружени Срби упаднаа во селото Бањска на северот на Косово со мнозинско српско население и се забарикадираа во српскиот православен манастир, тензиите меѓу Белград и Приштина се зголемија.

dobivaj vesti na viber

По пукањето, полицијата го опколи манастирот. Во престрелката загинаа тројца напаѓачи и еден косовски полицаец. „Нападите во Бањска променија многу работи и тие треба соодветно да се истражат… Во исто време, дијалогот мора да продолжи“, рече Лајчак по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. „Доколку нема дијалог, може да има уште една ескалација“.

Лајчак допатува во посета на регионот со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и со претставници на Франција, Германија и Италија. По разговорот со Курти, тие во Белград се среќаваат со српскиот претседател Александар Вучиќ. Околу 50.000 Срби кои живеат на северот на Косово не ги признаваат институциите на Приштина и го сметаат Белград за главен град.

Тие често се судираат со косовската полиција и меѓународните мировници, но минатомесечното насилство беше најлошо во последните години.

Лајчак ја повика Приштина да почне да работи на формирање на Заедница на српски општини со цел да се овозможи поголема автономија за областите со српско мнозинско население, но Курти го отфрли предлогот, тврдејќи дека автономијата може да доведе до отцепување на областа со мнозинско српско население и обединување со Србија.

Властите во Приштина го обвинуваат Белград за вооружување и поддршка на српските борци во Бањска, што српските власти го негираат. Лајчак го повика Белград да ги истражи настаните и да ги казни сите сторители на нејзина територија. Србија одбива да ја признае независноста на Косово и се уште го смета за дел од својата територија.

Регион

Муслиманите во Албанија паднаа под 50 проценти првпат по два века

Објавено пред

Од

Пописот од 2023 година покажа дека муслиманите повеќе не го сочинуваат мнозинството од албанските граѓани, првпат по повеќе од два века, објави „Индекс.хр“.

dobivaj vesti na viber

Според најновиот попис, муслиманите сега сочинуваат 45,7 проценти. Бројот на муслимани се намалил за повеќе од 30 проценти од пописот во 2011 година.

Треба да се напомене и дека пописот од 2023 година покажа дека муслиманите бекташи сочинуваат 4,8 проценти од населението, но тие се наведени како посебна религиозна група. Бекташите се членови на хетеродоксен исламски ред од суфиско потекло, кој датира од 13 век, и се сметаат за посебна религиозна група во Албанија иако историски се засноваат на шиитско-исламската традиција.

Христијаните сочинуваат 15,6 проценти од населението, од кои 8,4 проценти се католици, а 7,2 проценти се некатолици. Во групата религиска деноминација спаѓаат 13,8 проценти, а атеистите сочинуваат 3,6 проценти.

Оваа значајна демографска промена означува историски момент за религиозната структура на земјата, која е нестабилна со децении.

Според извештајот на „Турција тудеј“, Албанија изгубила речиси 15 проценти од своето население во последните десет години главно поради масовната емиграција и падот на стапката на наталитет. Аналитичарите ова го припишуваат на недостигот на перспективи за младите луѓе, кои сè повеќе бараат работа во странство.

Историски гледано, Албанија била католичка земја во своите почетоци, по римските освојувања. Статусот на муслиманска земја го добила дури во 15 век, со доаѓањето на Отоманската Империја. Сепак, поради географската близина и силните врски со Грција, каде што многу Албанци работат и зборуваат грчки, православното христијанство повторно е во пораст во последните децении.

Историјата на 20 век исто така игра голема улога во сегашната религиозна структура. По Втората светска војна, Албанија стана комунистичка држава, каде што религиозната практика беше забранета речиси 50 години сè додека демократијата не се врати по изборите во 1992 година.

По бомбардирањето на НАТО на Југославија во 1999 година, речиси половина милион етнички Албанци избегаа од Косово, дополнително оптоварувајќи ја веќе кревката економија на Албанија. Иако земјата доживеа економски раст во следната деценија, таа останува една од најсиромашните во Европа со висока невработеност и корупција во инфраструктурата, што ги одвраќа странските инвестиции.

И покрај предизвиците, Албанија стана сè попривлечна туристичка дестинација во последните години благодарение на ниските цени и природната убавина. Видеата на „Тик-ток“ од национални паркови и водопади добија милиони прегледи, а земјата е наречена европски Малдиви.

Прикажи повеќе...

Регион

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Објавено пред

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или руско.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, во Стразбур, објави „Бгнес“. За неговиот извештај ќе се гласа на 9 јули.

Тој нагласи дека извештајот го содржи условот за промена на Уставот и конкретно – вклучување на Бугарите во него, според написите на медиумот.

„Извештајот посочува говор на омраза, потреба од владеење на правото и борба против корупцијата“, вели Вајц повикувајќи на слобода на медиумите и јасна одговорност за нивната сопственост.

Комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, од своја страна, рече дека „единствениот пат напред, пред сè, е промена на Уставот“. Таа го повика Скопјe да ги почитува основните права, слободата на изразување и слободата на медиумите.

Ивајло Валчев (ИТН-ЕКР) ги праша своите колеги: „Во која земја може да се осуди лице за цитирање историски личности? Во која земја се напаѓаат луѓе поради нивното потекло? И која земја си дозволува да ги погази меѓународните договори?“

„Денес, Љубчо Георгиевски е со нас во салата и може да одговори на овие прашања затоа што е достоен Бугарин кому му се заканува казна само затоа што има храброст да се нарече Бугарин од Македонија. Искрено верувам дека патот на РСМ е да биде дел од Европа, но властите таму мора да ги напуштат своите господари од Белград и Будимпешта и да ги заштитат човековите права, да ги почитуваат обврските што ги презеле“, додаде Валчев. Тој се обрати и до граѓаните во Северна Македонија: „Мицкоски ве лаже“, објави медиумот.

Андреј Ковачев од ГЕРБ/ЕПП рече дека политичарите во Скопјe го саботираат процесот на европска интеграција и Европската Унија не треба да затвора очи пред ова.

„Наместо реформи и вистински напредок, гледаме популизам, националистичка реторика и погодно претставување на Бугарија како непријател поради што европската интеграција на земјата не оди добро. Оваа политика води кон директни репресии врз луѓето што го зачувале својот бугарски идентитет – наследниците на мнозинството македонски Бугари. Тие се подложени на притисок, дискриминација и отворени закани како во случајот со г. Георгиевски – еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница“, забележа тој. „Не губете им го времето на вашите сопствени граѓани“, им се обрати Ковачев на политичарите во Северна Македонија. „Се надевам дека зората на слободата ќе изгрее што побргу“, додаде тој, пренесува бугарскиот медиум.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Објавено пред

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.

МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија3 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија3 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија3 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија5 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија6 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион9 часа

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...

Македонија9 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Чучер-Сандево е целосно изгаснат, денеска фокусот ќе биде гасењето на пожарот во Дојранско

Рано утрово пожарот кој три дена гореше во атарот на општина Чучер-Сандево е целосно изгаснат. Сè уште се гледа чадење...

Свет10 часа

(Видео) Пентагон ги запре испораките на оружје за Украина, Трамп не знаеше: „Беше затекнат“

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела не ја известил Белата куќа дека планира да ги запре испораките...

Свет10 часа

(Видео) Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако ја нападне Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите собрани на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на...

Свет11 часа

Министерот на Трамп: Собравме 100 милијарди долари од царини

Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека САД досега собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини оваа година, а...

Свет11 часа

Француски разузнавач: Никој не можеше да направи совршена процена на ситуацијата во Иран

Состојбата на иранската програма по израелските и американските напади во јуни беше предмет на бројни прашања, а шефот на француската...

Македонија11 часа

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница...

Македонија11 часа

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до...

Македонија21 час

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...

Македонија22 часа

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6...

Македонија23 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија1 ден

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија1 ден

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...