Контакт

Регион

Лајчак претставник на ЕУ за Западен Балкан?

Објавено пред

Европската Унија интензивно бара погодна личност за новата функција специјален претставник за Западен Балкан, а најсериозен кандидат е шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, пренесува „Вечерње новости“.

Целта на ЕУ е на тој начин, пред сè, да се ублажи влијанието на САД во регионот.

Како добар познавач на условите и искусен политичар кој веќе извршуваше повеќе важни функции на овие простори, Лајчак практично ги исполнува сите услови.

Повикувајќи се на добро информирани извори, весникот наведува дека Лајчак во Брисел, далеку од очите на јавноста, имал важен двочасовен состанок на оваа тема со идниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел.

„САД имаат двајца претставници за Западен Балкан, а ние ниеден. Затоа и ни оди вака“, наводно изјавил резигнираниот Лајчак на средбата со Борел мислејќи притоа на бавноста на проширувањето и сè понагласеното оддалечување на регионот од ЕУ.

Весникот пишува и дека кастингот за оваа функција трае веќе извесно време, уште откако е избран новиот состав на Европската комисија, наведувајќи дека се размислува дали специјалниот претставник ќе ја претставува само ЕК или целата ЕУ.

Регион

Протест на средношколците во Атина – „Под маските имаме глас“

Објавено пред

Во центарот на Атина утрово се одржа протест на средношколци.

Нивните главни барања се спроведување на сите потребни мерки за безбедност на учениците и наставниците во училиштата, вклучително одделенијата од по 15 ученици, пренесе АНА.

Главниот слоган на демонстрантите беше „ Под маските имаме глас, образование и здравје за секој ученик“.

Тие се собраа кај Пропилеј, а потоа тргнаа кон зградата на парламентот.

Сообраќајот во центарот на Атина беше во прекин.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата против коронавирусот

Објавено пред

Говорејќи на дебатата на Генералното собрание на ООН, српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата со пандемија на коронавирус во земјата, пренесува ТАСС.

„Морам да им искажам голема благодарност на нашите европски партнери, на нашите кинески пријатели, како и на нашите руски пријатели“, рече српскиот претседател.

Тој, исто така, изрази благодарност до Светската здравствена организација, додавајќи дека Србија им пружила помош и на другите земји. Српскиот претседател рече дека неговата земја е горда на своите посебни односи со Кина и Русија.

„Полноправното членство во ЕУ е надворешнополитички приоритет на Република Србија. Сепак, нашиот европски пат не ја исклучува посветеноста кон развој на соработката и продлабочување на односите со земјите од сите региони“, рече српскиот лидер.

„Ние ги цениме партнерските односи со западните земји, пред сè поинтензивната соработка со САД, но во исто време сме горди на исклучителни односи со Руската Федерација и со Народна Република Кина. И, како што можете да видите, не го криеме тоа, ние сме многу горди на нашите пријателства“, додаде тој.

Србија побара помош од Русија во борбата со  Ковид-19 претходно годинава. На 3-4 април во Србија пристигнаа 87 руски војници, вклучително и воени медицински лица, виролози, специјалисти за радијациска, хемиска и биолошка заштита, како и специјална медицинска опрема, заштитни средства и шеснаесет воени возила.

Помеѓу 3 април и 18 мај, руските единици спроведоа целосни санитарни мерки во социјалните установи во повеќе од 40 српски места. Дезинфицирани беа повеќе од 376 згради со вкупна површина од 1,685 милиони квадратни метри и околу 500 километри автопати и патишта. Осум медицински тимови испитуваа и лекуваа 881 пациент со коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотреси во Албанија и во Грција

Објавено пред

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот во Албанија бил на десетина километри североисточно од Лушње, на длабочина од 10 километри.

Следуваа последователни земјотреси со јачина од 3 степени и земјотрес со јачина од 3,2 степени.

Земјотресите во Албанија ги разбудија локалните жители.

„Земјотресот се случи во два бранови еден по друг и неколку помали потреси. Се чинеше како да ми потона креветот“, „Ме исфрли од сон“, „Силен како грмотевица“, коментираат тие.

Епицентарот на земјотресот во Грција бил на 14 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од 16 километри, а еден од жителите во епицентралното подрачје го опиша потресот „како да прелетал брз воз“.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Регион2 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија4 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија5 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа6 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет6 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет16 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет17 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет20 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија20 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија22 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија22 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион22 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Досие