Контакт

Регион

Лет со ѕвездите: Првиот хрватски сателит ќе биде лансиран во 2019 година

Објавено пред

Првиот хрватски сателит ќе чини околу 400 илјади евра, а ќе биде лансиран во 2019 година. Станува збор за мал кјуб-сателит, наречен Перун, по богот на громот, грмотевицата, молњата, на плодоносниот дожд и врховниот бог во словенската митологија.

Перун ќе може постојано да ги надгледува шумите и загадувањето на морето и многу би можел да помогне при гаснење на шумските пожари.

Идејата е на првото хрватско здружение на стручњаци кои почнале да работат на сателитот уште минатата година. Во здружението членуваат хрватски стручњаци од кои некои работат и во најголемите светски вселенски агенции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет14 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет18 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава28 минути

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава45 минути

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...

Забава57 минути

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...

Забава1 час

(Фото) Без грешка: Дефинитивно ќе ви се допадне ова издание на Јелена Розга

Секогаш беспрекорно облечена, Јелена Розга и овој пат пронајде начин да ги почасти своите бројни обожаватели со прекрасни сцени. Имено,...

Забава1 час

Како да изгубите пет килограми без ригорозни диети? Не сте го знаеле ова

Многу луѓе веруваат дека губењето тежина бара гладување, строга диета и откажување од сè што сакате. Сепак, тоа не е...

Европа2 часа

(Видео) Ова е роботот што ги брка дивите свињи во Варшава

Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на...