Регион
Македонците во Албанија му се налутија на Рама

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со огранокот за Голо Брдо, ја осудија вчерашната изјава на албанскиот премиер и лидер на СП, Еди Рама, во Корча со која го минимизираше бројот на Македонците во Албанија опишувајќи ги како “едно мало семејство Македонци што ги имаме меѓу нас!”
Тие притоа потсетуваат дека Македонци не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Голо Брдо, областа Горa и на целата територија на Албанија. Македонци живеат и во Корча, Тирана, Драч, и други места, во вкупен број поголем од 120.000.
„ Македонско друштво „Илинден“ изразува разочарување од владата која не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски“ – стои во соопштението на друштвото.
Актуелниот премиер Еди Рама вчера, во текот на предизборната кампања, повторно го актуелизираше прашањето со правата на Македонците во Албанија и правата на Албанците во Македонија.Откако изрази “задоволство од фактот дека и во соседната земја работите добиваат нормална насока” Рама рече дека тие дозволиле “една мала заедница, заедницата со многу мал број жители, да биде посебна општина”, бидејќи го почитувале фактот дека се, како што рече, “како нас и различни од нас!”.
Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, во изјава за Макфах, дополнува дека бесот на лидерот на Социјалистите и актуелен премиер Рама доаѓа од фактот што партијата на Македонците во Албанија – МАЕИ, ја напушти претходната коалиција со СП и на овие избори настапува со Движењето основано од актуелниот претседател Илир Мета.Мета, пак, за етничките Македонци јавно изјави дека се “прекрасна македонска заедница”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.
Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.
Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.
Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.
Регион
Во Хрватска 31 починат и 857 новозаразени, од 1 февруари олабавување на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 31 смртен случај и 857 новозаразени со коронавирусот, што е за пет проценти помалку од бројот на новозаразени пред околу десетина дена.
Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи на инфекција во Хрватска денес е 3.050, од кои 1.381 пациент се во болница, а 135 пациенти се на апарати за дишење.
Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, рече дека на Хрватска ќе ѝ биде тешко да ги добие ветените дози вакцина против коронавирус.
Чапак за ХРТ изјави дека „Фајзер“ го намалил бројот на дози за следните три испораки во Хрватска, пренесува „Индекс.хр“.
„Има слом на системот во кој верувавме. ЕУ стори сè за да има фер дистрибуција според бројот на жители, но ни се чини дека оваа фер дистрибуција нема да се случи“, рече Чапак.
Тој изјави дека од 1 февруари некои мерки сигурно ќе бидат ублажени.
„Разговорите сè уште се во тек, ние ќе ја подготвиме таа одлука на време. Сигурно ќе има некои отстапки”, рече Чапак.
Тој изјави дека на децата од 5. до 8. одделение ќе им биде дозволено да одат на училиште и дека интензивно се зборува да им се дозволи спорт и рекреација на отворено.
Регион
Србија досега вакцинирала 320.000 лица

Потпишавме договори за 6,5 милиони вакцини, но едноставно нема вакцина, изјави покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ и рече дека досега 320.000 луѓе биле вакцинирани. Со тоа, според него, Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани на милион жители.
Гојковиќ оценил дека фактот што Србија е веднаш зад Велика Британија според бројот на вакцинирани, всушност е индикатор за тоа колку добро се работело на заштита на населението.
„Фармацевтските компании очигледно загризаа голем залак кога помислија дека ќе можат да произведат толку многу вакцини и тоа се проблеми со кои ќе се соочуваме“, рече тој на прашањето за достапноста на вакцините, коментирајќи ја глобалната трка во имунизацијата против Ковид-19. Според него, „сега ниту парите, ниту моќта повеќе немаат улога“, но можат да се потпрат само на снаодливоста и пријателството.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот