Контакт

Регион

Маркотиќ: Опасноста не е помината, на есен можен е четврти бран на коронавирусот

Објавено пред

Може да очекуваме четврти бран на коронавирусот на есен. Делта-видот се шири многу побрзо од алфа-видот. За очекување е дека тој може да го преземе водството во Европа за два дена и дека ќе се шири меѓу невакцинираната и ризичната популација, што ќе резултира со голем број хоспитализирани и мртви ако луѓето не ја земат вакцинацијата посериозно, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за заразни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“  во Загреб за „ХТВ“.

Таа посочи дека наскоро може да се очекува дека делта-видот ќе се прошири во Хрватска.

„Минатата година видовте дека беа потребни околу два месеца за да се прошири алфа-вирусот. Моравме да ја завршиме сезоната околу 15 август, овој вид  би можел да го направи тоа порано. Минатата година имавме помлади кои имаа полесна форма на болеста. Сето ова беше сфатено како лесна болест. Она што можеме да го очекуваме е брза експанзија, сè уште не со висок процент во Европа. Сите институции го следат ширењето и ги предупредуваат луѓето да не се опуштаат“, рече таа.

Маркотиќ уште еднаш повтори дека опасноста не е помината и ја истакна важноста сите да се вакцинираат.

„Вирусот е сè уште тука. Не смееме да заборавиме што се случи минатата година низ цела Европа и колку беше тежок и силен вториот бран, во кој многу животи беа изгубени и голем процент од луѓето се разболеа. Сè уште треба да бидеме многу сериозни, мора да се обидеме да ги задржиме сите мерки. Исто така, исклучително е важно луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро“, предупреди таа.

Маркотиќ рече дека засега е тешко да се каже дали можеме да се надеваме на доживотен имунитет по вакцинирањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Турција се преврте автобус со руски туристи, загинаа најмалку тројца

Објавено пред

Во турската провинција Анталија се преврте автобус со руски туристи, а три лица загинаа, додека петмина се тешко повредени.

Автобусот превезувал туристи од Манавгат до аеродромот во Анталија.

Повредените се пренесени во блиската болница, пренесува „Спутник“.

Прикажи повеќе...

Регион

Швеѓанец доби казна од 450 евра зашто ја бакнал девојката во јавност во Приштина

Објавено пред

По неколку предупредувања, припадниците на косовската полиција казнија шведски државјанин во Приштина, затоа што ја бакна својата девојка на улица.

Тоа се случило на 28 јули во близина на ноќен клуб во Приштина, пишува „Косев“.

Тој бил казнет со 450 евра за бакнување во јавност.

Како опис на прекршувањето, косовската полиција наведе дека тој „се однесувал непристојно, бакнувал во јавност, иако бил предупреден неколку пати“, објави албанската веб-страница „Калксо“.

За да се изрече оваа парична казна, полицајците се повикале на одредбата од член 6 од Законот за јавен ред и мир.

Прикажи повеќе...

Регион

Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Објавено пред

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ.

Според медиумите, причината за смртта била жешкото време, односно екстремното прегревање. Се уште не е јасно како толку време девојчето било оставено во автомобилот од нејзиното семејство.

Јавното обвинителство на Окружниот Бања Лука соопшти дека телото на детето, родено во Германија, било пронајдено вчера околу 16.30 часот.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител нареди да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.

Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Јавното обвинителство во областа Бања Лука, Синиша Марковиќ, со полицајците на полициската управа во Бања Лука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на...

Македонија2 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет3 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа3 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а...

Македонија3 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија4 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија13 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија13 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија13 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија15 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија16 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт18 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија21 час

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ22 часа

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет24 часа

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт2 дена

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Досие