Регион
Мигрантите пак ги окупираа грчките острови, два брода пристигнаа на Лезбос

Два брода кои превезувале мигранти и бегалци од различна националност, се вкотвиле денеска на брегот на грчкиот остров Лезбос. Во едниот брод имало 20 мигранти, а во другиот 38 лица.
Вкупно 98 мигранти и бегалци пристигнале во Лезбос од почетокот на јули, јави АНА. Екипата на грчката Национална организација за јавно здравје ќе ги испита мигрантите и бегалците кои пристигнале денес, а тие потоа ќе бидат пренесени во карантински објект на северот на Лезбос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Унгарската полиција спречи повеќе од 600 мигранти да влезат од Србија

Од петок до недела унгарската полиција уапси или пронајде 613 мигранти во обид илегално да ја преминат српско-унгарската граница, објави унгарското МВР.
Минатиот викенд полициските и воените патроли пронајдоа 240 лица на територијата на соседната земја кои не можеа да го докажат легалниот престој во Унгарија.
Според унгарскиот закон, сите илегалци биле спроведени до оградата на унгарско-српската граница.
Во изминатите три дена полицијата и војниците спречиле 373 мигранти илегално да преминат на унгарска територија, да прескокнат или да ја пробијат оградата на границата.
Поднесена е кривична пријава против 11 лица за трговија со луѓе, соопшти унгарската полиција.
Регион
Грција и Турција почнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

Турција и Грција денеска во Истанбул почнаа разговори за решавање на спорот околу истражувањето на нафта и гас во Источен Медитеран по повеќемесечна дипломатска криза, изјави за агенцијата „Франс прес“ висок турски официјален претставник.
Тој прецизира дека грчката дипломатска делегација ја примил вториот човек на турската дипломатија, Седат Онал.
Преговорите меѓу Турција и Грција беа прекинати во 2016 година поради растечките тензии.
Турските мисии за истражување на гас во грчките води во последните месеци доведоа до дипломатска криза во односите меѓу двете земји од 1996 година, кога тие беа на работ на војна.
Иако Атина изрази оптимизам и надеж, а Анкара ја поздрави позитивната атмосфера, не се очекува голем напредок од овие разговори.
Двете земји не успеаја да се договорат за списокот на теми, што е знак, како што пишува „Франс прес“, дека разговорите може да се претворат во разговор на глуви.
Регион
Рација во стриптиз-клуб во Бања Лука: Три девојки признале проституција и ја откриле цената на услугите

Сопственикот на стриптиз-клубот „Карибик денс“, Лари Живковиќ, кој беше уапсен во акцијата „Долар“, е пуштен на слобода, како и две девојки, додека четворица Словенци и четири српски државјанки се предадени на полициската канцеларија за странци во БиХ, потврди полициското одделение во Бања Лука, а пренесува „Дневни аваз“.
Полицијата ќе поднесе пријава против Живковиќ до јавното обвинителство во Бања Лука под сомнение дека сторил кривични дела наведување на проституција и непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, бидејќи клубот работел по 22 часот.
„Против правното лице, односно стриптиз-клубот поднесена е пријава од комуналната полиција, а подоцна ќе се одлучи дали клубот ќе биде привремено затворен“, наведуваат од полицијата.
Извор близок до истрагата вели дека три од шест притворени девојки за време на истрагата признале дека се занимавале со проституција, додека другите го негирале тоа, тврдејќи дека тие работеле само како танчерки. Проституција признале српските државјанки Звездана Д. и Нина К. односно Адна М. од Бања Лука, кои поради тоа се казнети, а тие исто така откриле по која цена ги наплаќаат ваквите услуги.
„Тие признаа дека за сексуални услуги наплаќале 400 марки“, изјавил изворoт од истрагата. Патем, сликите на девојките се објавени на фејсбук-страницата на стриптиз-клубот. Четиристотини босанско-херцеговски конвертибилни марки се околу 200 евра.
Како што дознава „Дневни аваз“, сите четири српски државјанки ќе бидат протерани од БиХ. Во акцијата беа уапсени и словенечките државјани Бернард Ќосиќ, кај кого била пронајдена мала количина дрога, и Ален Дурановиќ, Мирослав Савановиќ и Мирхад Ферхативиќ, кои биле позитивно тестирани на кокаин.
Двајца од четворицата ќе бидат протерани од земјата, додека Ќосиќ ќе биде обвинет за поседување дрога, а Савановиќ поради попречување на работата на полициските службеници.
Управата на хотелот „Четојевиќ“ издаде соопштение во кое се наведува дека хотелот нема никаква врска со акцијата „Долар“, а рацијата е извршена во стриптиз-клубот „Карибик денс“, кој го користи изнајмениот простор.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот