Регион
Милановиќ: Пленковиќ пикира две работни места во Брисел, ако писне нема да ги добие

Кога големите се тепаат, малите се оддалечуваат од масата. Мал народ како нашиот мора да се грижи за своите интереси и да биде свесен што сака и како тоа да го постигне. Треба да бидеме свесни за светот во кој се наоѓаме. Тој не е против Хрватска, не е злобен, не е дизајниран да нè уништи. Но, ако не се грижиме за себе, никој нема да нè заштити, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој учествуваше на свечената седница на Градскиот совет на Славонски Брод по повод Денот на градот.
Милановиќ порача дека останува на своите ставови за НАТО.
„Турција има проблем со Шведска. Ние немаме, имаме проблем преку Сава и тоа сериозен. Турција се бори за своите интереси. Турците реагираат дури сега, тоа e интересно затоа што досега никој не разговарал со нив“, рече хрватскиот претседател.
Според него, ХДЗ е заложник на Пленковиќ и на уште две-три лица.
„Тој пикира една – две работни позиции во Брисел, му нудат повеќе. Она што го пикира не може да го добие ако писне“, додаде тој.
„Кога не сте ослободени од желба и амбиција, работите против народот. Сакам да ги заштитам Хрватите во БиХ од безобразно угнетување“, рече Милановиќ.
„Што ja спречува Хрватска јасно, гласно и машки да застане во одбрана на своите сонародници во БиХ. Дека во Брисел ќе нè гледаат како типични балканци? Па што ако сме? Се ближи времето за одлука. Не го правам ова за себе. Сакам да слушнам јасна порака од хрватските претставници во БиХ дали гледаат нешто корисно во она што го правам или дали треба да престанам“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сопругата на хрватскиот претседател вршела притисок да му ги поправат оценките на син ѝ

Хрватското Министерство за образование и наука отвори инспекциска постапка во училиштето во кое учи синот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ откога неговата сопруга, како што тврди „Јутарњи лист“, извршила притисок врз директорот на училиштето да му ги смени веќе заклучените оценки на син ѝ, и тоа од четворки во петки.
Според весникот, Сања Мусиќ-Милановиќ на 24 јуни испратила имејл до директорот на училиштето на син ѝ, класниот раководител и до училишниот психолог наведувајќи ги неправилностите во наставата по математика како причина за промената на оценките.
Ова предизвика бран реакции во медиумите поради наводниот притисок на сопругата на претседателот да му ги зголеми оценките на синот, така што просекот на сите негови оценки би бил пет, пренесуваат хрватските медиуми.
Според „Хина“, Милановиќ денеска изјавил дека не знаел за писмото на сопругата до училиштето и дека тој немало да го напише. Милановиќ исто така ја нападнал и компанијата „Ханза медија“, сопственик на „Јутарњи лист“, поради објавување напис на оваа тема.
„Не знаев. И јас не би бранел нешто само затоа што жена ми го направила. Кога се занимаваш со ваква работа, тоа всушност ништо не значи, но, според мене, тука е многу помалку важно од начинот на кој криминалната организација „Ханза медија“ ја подготвила“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека со тоа писмо неговата сопруга оставила „бразда длабока три метри“.
„Да ми го направеше тоа мајка ми кога имав 17,5 години, ќе полудев“, изјави Милановиќ. „ Но, мама е мама, сега мама остави пишан белег“, рече Милановиќ.
Хрватскиот претседател смета и дека цел на текстот во весникот не е неговата сопруга, туку лично тој.
Регион
(Видео) „Да станам да му го скршам носот“, избегната тепачка во собранието во Црна Гора

Во Собранието на Црна Гора беше избегната тепачка по жестока расправа меѓу пратениците, информираат тамошните медиуми.
Пратеникот Марко Милачиќ го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер Владимир Јоковиќ дека зел кредити и купил диплома на бензинска пумпа во Затон.
"Da se dignem bre da mu nos slomim." pic.twitter.com/5eLPCVH395
— Peruci (@Kardinal1876) July 5, 2022
На ова реагираше пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ, кој изјави дека се работи за измислици.
Меѓутоа, по тоа дошло до расправија и закани, а за малку и до физичка пресметка. За да се избегне влошување на ситуацијата била дадена пауза, јавуваат медиумите.
Регион
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.