Контакт

Регион

Милион туристи го посетиле Дубровник за девет месеци

Објавено пред

Дубровник денеска го пречека милионитиот посетител за оваа година – Британката Нејла Парсон, која во хрватскиот град престојува со својот сопруг. Локалните власти очекуваат дека до крајот на годината градот ќе го посетат приближно исто туристи како лани – 1,3 милиони.

Нејла ја купила влезницата денеска наутро, што е четири дена подоцна од лани. Таа е на меден месец со сопругот, а во Дубровник ќе останат два дена. Локалните власти ѝ подариле сувенири, цвеќе и шише сортно вино.

„Навистина сум изненадена. Во прв момент не знаевме што се случува, мислевме дека сме направиле нешто. Пријатно се изненадивме. Сите кои го посетиле Дубровник ни кажаа дека е прекрасен, па и нам ни беше на врвот на листата на дестинации за посета. Не сме разочарани, навистина ни се допаѓа“, рекла Нејла.

Бројката од милион посетители првпат е надмината на 13 октомври 2016 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Слаб земјотрес на планината Атос

Објавено пред

Послаб земјотрес, со јачина од 3,3 степени е забележан утрово на планината Атос, во северниот дел од Грција.

Сеизмолошката станица во Солун соопшти дека земјотресот бил регистриран на осум километри југоисточно од Јерисос, на длабочина од 10 километри, пренесе „АНА“.

Планината Атос со врв од 2.033 метри надморска височина е втора планина по висина во земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Објавено пред

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал американскиот блокбастер „Џокер“, кој носи ознака „само за возрасни“, а родителите биле предупредени дека можат да бидат казнети.

Во центарот на контроверзите е стравот од последиците од гледањето на сцените на насилство врз децата. До интервенции на полицијата дошло по пријава на службеници од Министерството за култура, кои биле присутни во кината, се наведува во соопштението од полицијата.

Во Грција официјално филмот „Џокер“ е забранет за лица помлади од 18 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Објавено пред

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Од меѓународната заедница, посебно од НАТО-сојузниците очекуваме да нè поддржат во борбата против тероризмот“, рече Чавушоглу за италијанскиот весник „Ил масаџеро“.

Тој додал дека Турција ќе ја запре офанзивата само тогаш кога сите терористи ќе заминат од тоа подрачје, а Сиријците да бидат ослободени од тиранијата на курдската народна заштита и заканите од Исламска држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет1 час

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион1 час

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет2 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион2 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион15 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет16 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија17 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ18 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија20 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија21 час

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија21 час

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ22 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија23 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет24 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа1 ден

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет1 ден

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Досие