Контакт

Регион

Мичел: Србија ја има поддршката од САД

Објавено пред

За време на престојот во Србија американскиот помошник-државен секретар, Вес Мичел, уверил дека Србија ја има поддршката на нивната земја, известија од Кабинетот на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

На средбата со Дачиќ двајцата соговорници се осврнале на регионалната стабилност, европскиот пат на Србија и продолжувањето на бриселскиот дијалог – теми на кои Вес Мичел истакнал дека Србија има постојана поддршка од САД.

Според него, Вашингтон смета дека Србија е една од најважните земји во регионот и столб на стабилноста на Балканот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Утврден текстот на спогодбата меѓу Албанија и Грција

Објавено пред

Од

На островот Родос во Грција, шефовите на дипломатиите на Грција и Албанија, Никос Коѕијас и Дитмир Бушати го утврдиле конечниот текст на Спогодбата помеѓу Албанија и Грција околу решавањето на отворените прашања меѓу двете држави.

Според албанските медиуми, документот се очекува да се потпише на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни, од страна на премиерите Еди Рама и Алексис Ципрас. Истите извори додаваат дека и покрај тоа што веќе е се договорено во Спогодбата, сепак поради тоа што во неа Атина одбила да внесе и одредба околу позицијата на Чамите, можно е да дојде до проблеми со ставот на претседателот на Албанија, Илир Мета.

Медумите во Тирана оценуваат дека во спогодбата е договорена морската граница на Грција и Албанија, потоа се укинува законот за војна што по втората светска војна Атина го има усвоено за воена состојба со Албанија, а има и решение околу правата на грчкото малцинство во Албанија.

Сепак, медиумите информираат дека нема точни информации за начинот на решaвање на отворените прашања на Атина и Тирана бидејќи текстот на спогодбата го нема во јавноста.

Претходно, албанската опозиција остро ја критикуваше владата на Еди Рама за попусливоста на Тирана во преговорите со Грција.

К.М.

Прикажи повеќе...

Регион

Ослободен од притвор пратеникот на Златна зора

Објавено пред

Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија Златна зора, Константинос Барбарусис, на кој ќе му се суди за повикување на државен удар во земјата. Тој треба да плати 30 илјади евра и забрането му е да ја напушти Грција.

Барбарусис беше уапсен во понеделникот, три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко-македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство. Барбарусис остро се противеше на владиното решавање на спорот, но подоцна ги повлече забелешките. Доколку биде осуден, тој може да добие казна од над 20 години затвор. Барбарусис е исфрлен и од партијата Златна зора.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово тврди дека Србија лаже: Либерија не го повлекла признавањето на Косово

Објавено пред

Од

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли тврди дека Либерија не го повлекла признавањето на Косово и дека српските медиуми ширеле лажни вести.

Тој тоа го напиша на својот профил на „Твитер“, кога шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека Либерија се повлекува од признавањето на косовската независност.

„Штотуку разговарав со владата на Либерија и ми потврдија дека не го повлекле признавањето на косовската независност. Вестите и нотата што ја шират српските медиуми се лажни и се дел од обидот на министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, да шири лажни вести“, рече Пацоли.

Претходно, на прес-конференција Дачиќ им достави на новинарите копија од нотата на либериското министерство за повлекувањето на признанието.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно,...

Свет43 минути

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја....

Свет47 минути

Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел...

Македонија17 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија18 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија19 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија22 часа

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија22 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести23 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет23 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа24 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија1 ден

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ2 дена

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија2 дена

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија2 дена

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија2 дена

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија2 дена

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Досие