Регион
Могерини: Околностите за смртта на Кашоги се длабоко вознемирувачки

Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, истакна дека околностите за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги „се длабоко вознемирувачки” и повика на детална, веродостојна и транспарентна истрага.
„Околностите околу смртта на Џемал Кашоги кои досега излегоа на виделина се длабоко вознемирувачки, вклучувајќи и шокантно кршење на Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година”, се вели во соопштението на Могерини.
Саудиска Арабија вчера соопшти дека Кашоги го загубил животот во тепчка која настанала во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, поради што беа уапсени и 18 лица, но не ги призна тврдењата на Анкара дека новинарот бил мачен, убиен и отсечен на делови, а неговото тело е сокриено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
M5.6 #earthquake (#deprem) strikes 144 km NW of #İzmir (#Turkey) 5 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/8gPD0kTV9p
— EMSC (@LastQuake) February 20, 2019
Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.
Регион
Косово најави отворање амбасади во четири земји

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека планира да отвори амбасади во Тајланд, Бангладеш, Колумбија и Гана, наведуваат приштинските медиуми.
Амбасадите ќе бидат отворени годинава, поради продлабочена соработка и партнерство со овие земји, соопшти Министерството.
Регион
Саливан: Грција е столб на стабилноста на Балканот

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, во телефонски разговор со новиот грчки министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, истакнал дека со потпишувањето на преспанскиот договор, Грција ја зацврстила својата позиција како столб на стабилноста на источниот медитеран и Балканот.
Саливан при разговорот нагласил дека САД силно го поддржуваат преспанскиот договор бидејќи тој, како што наведе, бил историска можност за унапредување на безбедноста и просперитетот на целиот регион.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал