Регион
Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во БиХ

Момче и девојка утрово биле пронајдени мртви во гаража во Босанска Костајница. Полицијата ги истражува сите околности за оваа трагедија, објавија локалните медиуми. Според информациите, момчето имало 29, а девојката 19 години.
Портпаролката на полицијата во Приедор, Звездана Аландаревиќ изјави дека тие добиле информации за смртта на двајцата млади нешто по 19 часот. Патролата која се упатила на местото на настанот ги открила безживотните тела во автомобил паркиран во гаража.
„Истрагата е во тек и сè уште не можеме да зборуваме за причините за смртта“, додаде портпаролката Аландаревиќ.
Медиумите, пак, пишуваат дека е веројатно оти двајцата млади се задушиле со јаглерод моноксид.
Се претпоставува дека автомобилот во гаражата бил во функција, па издувните гасови од моторот довеле до смрт кај младата двојка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Црна Гора уапсен инструктор во автошкола, пијан давал час по возење

Црногорската полиција уапси инструктор во локална автошкола во Плевља, кој го затекнале пијан за време на час по возење, пренесуваат локалните медиуми.
Според полицијата, инструкторот К.К. бил изведен пред судија за прекршоци бидејќи алко-тест утврдил дека има 1,7 промили алкохол во крвта, додека давал упатства за возење на 20-годишник.
Да бидат работите уште полоши, полицијата го тестирала инструкторот околу пладне.
„На 22 февруари 2021 година, околу 11:55 часот, при редовна контрола во сообраќајот, било сопрено возило во сопственост на автошкола од Плевља со кое управувал кандидатот за возач Г.Н. (2000). К.К. (1956) бил во возилото како инструктор за возење. Вработениот во автошколата бил тестиран за алкохол и било откриено дека е под дејство на алкохол во организмот, во концентрација од 1,7 промили. Тој бил приведен и однесен во прекршочниот суд“, соопшти полицијата.
Регион
Мерките во Хрватска се олеснуваат, се отвораат градини и спортски сали

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека, поради подобрената епидемиолошка состојба во земјата, некои мерки ќе бидат олабавени.
„Денес сме заедно со Данска, земја со најмала инциденца на земји во ЕУ во однос на нови инфекции. Добро е што е намален бројот на новоинфицирани и хоспитализирани, оние кои се на апарати за дишење, починати, оние во самоизолација“, рече Пленковиќ на владината седница.
Хрватскиот премиер најави отворање на терасите и овозможување работа на отворен простор, но со епидемиолошки мерки.
„Во однос на спортот, ќе се обезбеди обука во затворен простор“, рече тој.
Регион
Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини.
Бугарија исто така побара итна распределба на 52.800 дози, кои се одложени за 1 март, со порака дека оваа фармацевтска компанија му ја одзела надежта на бугарскиот народ.
Со остар тон, Ангелов напиша дека неуспехот на „Астразенека“ да ги достави договорените вакцини ја компромитира масовната кампања за вакцинација што Бугарија ја започна минатата недела, објави „Ројтерс“.
Многу Бугари побрзаа да земат вакцини во саботата, зголемувајќи го бројот на имунизирани граѓани, но брзо останаа без дози на „Астразенека“.
Британско-шведската компанија ѝ соопшти на Европската Унија дека ќе ги намали испораките за 60 проценти поради проблеми со производството.
Според шемата на ЕУ, Бугарија нарача 4,5 милиони дози од вакцината „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните седум месеци.
Во февруари требаше да пристигнат 450.000 дози, а испорачани се 117.000 дози.
Испораката на 142.400 дози, потврдена на 15 февруари, сега е поместена за 1 март и е намалена за две третини, се вели во писмото на Ангелов.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер