Регион
Навивач во Бугарија ѝ се заканувал на полицијата и починал додека го приведувале

Британски државјанин починал во Софија на денот на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во квалификациите за Европското првенство 2020, според Би-би-си.
Полицијата му пришла на непознат 32-годишник тоа утро кога граѓаните повикале помош.
„Полицијата примила дојава за човек во беспомошна состојба. Тој бил однесен во болница, каде што одеднаш почнал да се однесува агресивно, беснеел и се заканувал“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.
Поради тоа, полицајците го привеле човекот, кој починал во необјаснети околности додека го пренесувале во полициска станица. Причина за неговата смрт се претпоставува дека е дрогата.
Бугарите тврдат дека повеле истрага, а Англиската фудбалска федерација ќе даде отчет за тоа кога ќе ги добие сите информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Разбиена студентска забава во Загреб – меѓу присутните и еден заболен од ковид

Членовите на полициската управа во Загреб извршија рација во студентско здружение, каде пронајдоа 64 лица, меѓу кои еден 31-годишник на кого му била одредена мерка домашно лекување од ковид.
Полициската акција била спроведена синоќа во соработка со Штабот за цивилна заштита во студентското здружение на улицата „Гундулишева“.
На сите фатени лица ќе им се издадат прекршочни налози во редовна постапка во согласност со одредбите на Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесуваат хрватските медиуми.
Тие не се придржувале кон епидемиолошката мерка за забрана на сите јавни настани и собири на кои присуствувале повеќе од 25 лица на едно место, а ниту едно од затекнатите лица не носело заштитна маска кога влегле полицајците.
Ќе бидат поднесени кривични пријави против девојчето (25) и младиот човек (26), одговорни лица во Здружението на студенти, како и против 31-годишникот на кого му е утврдена мерка домашно лекување за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест.
Регион
Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес.
„Разговарав со него (Јанез Јанша) многу одамна. Исто така, го имам видено документот што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во емисијата „Избори 2021″.
Во четвртокот, словенечкиот портал Нецензурирано.си објави документ, кој наводно предлага ревизија на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово без северниот дел со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Македонија каде мнозинството е албанско население со Албанија, можноста за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија, како и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.
Европската унија повеќе пати повтори дека тие не знаат за таков документ.
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија во втората половина на оваа година, изјави дека тврдењата за постоење на тој документ се насочени кон нанесување штета на Словенија во ЕУ.
„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, објави Јанша на социјалните мрежи.
Тој вчера изјави дека не постои документ со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот.
Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечкиот портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.
Регион
Нови мерки во Црна Гора: Кафулињата се отворени до 23 часот, полициски час од полноќ

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, најави дека од сабота до 23 април ќе биде забрането напуштање на станбената зграда по полноќ, пазарите и продавниците ќе бидат отворени од 7 до 22 часот, а угостителските објекти од 7 часот наутро до 23 часот, известуваат медиумите во таа земја.
Истите мерки што ќе се применуваат од 17 до 23 април во Подгорица и Даниловград, претходно важеа за општините Плав, Гусиње, Петњица, Херцег Нови, Забjак, Тиват, Котор, Плузин, Будва, Тузи, Рожаје, Бар, Улцињ, Бијело Поjeе и Цетиње.
Во Никшиќ, Мојковац, Беране, Колачин, Шавник и Андријевица, сегашните мерки се прошируваат, бидејќи бројот на заразени лица на 100.000 жители е поголем од 800, рече Боровиниќ Бојовиќ.
Организирање забавни и рекреативни активности за деца и возрасни на отворени јавни места сè уште е забрането, а забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендот останува во сила, рече таа.
Боровиниќ Бојовиќ рече дека контингент од 200.000 вакцини, а можеби и повеќе се очекува до крајот на април, а масовната вакцинација ќе започне три или пет дена подоцна.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш