Контакт

Регион

Наместо во затвор, хрватски воен злосторник се одмора на бања

Објавено пред

Воениот злосторник Томислав Мерчеп, наместо во затворска ќелија, деновите ги поминува на бања, пишува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на свои извори. Мерчеп е осуден на казна затвор во времетраење од седум години поради убиство на 43 цивили.

Во судот за време на неговите судски рочишта беше докажано дека неговите подредени незаконски уапсиле 52 лица, од нив само шест успеале да преживеат, тројца се водат како исчезнати, а другите се убиени.

Му било судено 25 години по организирањето на првата единица во Вуковар, пишува „Индекс“ и додава дека тој, конечно, по 25 години, бил осуден за злосторствата извршени под негова команда, но Република Хрватска прави сè за да му го олесни престојот во казнено-поправниот дом, па така летото тој го минува во термални бањи, пишува хрватски „Индекс“ и посочува дека тој и мината година се одморал на бања.

Хрватски „Индекс“ побарал став за ова прашање и од Министерството за правда, од каде што во својот одговор навеле „на еден затвореник врз основа на препораки на лекари му е дозволено посетување на болничка здравствена установа“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нови апсења во Турција

Објавено пред

Од

Турските власти наредија апсења на 61 припадник на турската армија, вклучително и високи офицери, осомничени дека се поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен кого Турција го обвинува за неуспешниот пуч што се случи во 2016 година.

Досега илјадници луѓе се уапсени под сомнение дека се поврзани со него и биле дел од државниот удар во земјата.

Осумнаесет од воените офицери за кои се издаваат налози за апсење се активно вклучени во воената служба, објави турската агенција „Анадолија“.

Налози за апсење биле издадени за 13 мајори и 12 капетани на силите и 24 први поручници од турската морнарица.

Во одделна операција властите во Тузла објавија дека уапсиле 21 лице за користење шифрирани пораки на социјалните мрежи кои се поврзуваат со Фетула Ѓулен, кој живее во САД, пишува „Раша тудеј“.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора подготвена за затварање осум поглавја

Објавено пред

Од

Црна Гора моментно е подготвена да затвори две поглавја и набргу ќе ги спроведе сите внатрешни процедури за затворање уште шест поглавја од преговорите, изјави министерот за правда, Зоран Пажин.

Тој во Подгорица разговараше со романскиот министер за правда, Тудорел Тоадер, кој престојува во официјална посета на Црна Гора.

„Црна Гора го цени долгогодишното пријателство со Романија и смета на нејзината поддршка за време на претстојното романско претседавање со Европската Унија од јануари в година“, рече Пажин.

Тој нагласи дека приоритетите на Црна Гора се да ги отвори преговорите за другите две поглавја од областа на конкуренцијата и заштитата на животната средина и да ги интензивира активностите во правец на затворање на поглавјата од преговорите.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсени двајца имигранти со куп оружје во Сараево

Објавено пред

Од

Двајца имигранти со државјанство на Алжир и Сирија беа уапсени во Сараево за време на полициската акција во која беше откриено дека тие поседуваат и кријат поголемо количество оружје, беше потврдено од страна на Министерството за внатрешни работи на округот Сараево.

Во соопштението од полицијата се вели дека мигрантите, чиј полн идентитет не е објавен, биле притворени во неделата вечерта. Тие се обиделе да ги избегнат полициските службеници кои дошле да ги легитимираат.

Полицијата потврди дека при претресот на станот што го користеле мигрантите, како и околниот простор, нашле оружје. Станува збор за единична пушка, четири пиштоли, придушувачи и сто куршуми во разни дијаметри.
Локалните медиуми објавија дека некое од тоа оружје било пронајдено закопано во земјата.

Мигрантите со иницијали А. М. од Сирија и Д. А. од Алжир се испрашувани, а во истрагата е вклучена и Службата за работа со странци“, која дејствува во рамките на Министерството за безбедност на БиХ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почуствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие