Регион
НАТО ги поддржува КБС со нивниот сегашен мандат

НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) со нивниот сегашен мандат, и ако овој мандат се менува, Северноатлантскиот совет ќе треба да го преиспита нивото на ангажманот на НАТО на Косово, изјави официјален неименуван претставник на НАТО.
Тоа во одговор преку е-пошта до британската агенција „Ројтерс“, во врска со одлуката на Собранието на Косово за трансформација на КСБ во армија, изјави дека косовските власти треба да одлучат за каква било промена во структурата, мандатот и мисијата на КБС.
„НАТО ги поддржува КБС во нивниот сегашен мандат. Ако тој мандат биде променет, Северноатлантскиот совет ќе мора да го преиспита нивото на ангажманот на НАТО на Косово. Не можеме да ги предвидиме одлуките на Северноатлантскиот совет”, рече официјалниот претставник на НАТО.
Косовското собрание претходно вчера ги усвои сите три владини предлози за трансформација на Косовските безбедносни сили. Со донесувањето на овие закони, Собранието практично ги усвои законите за основање на армијата, со уставот на Косово, јави Танјуг. Законите се донесени бидејќи претениците од Српска листа рекоа дека се спротивставуваат на нивното донесување, а потоа тие ја напуштија салата, а истото го сторија и замениците на другите малцински заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Убиството во Хрватска го извршила поделена личност која се казнувала живеејќи со мртвата сестра

Полицијата сè уште не го знае мотивот за свирепото убиство во местото Меѓумурје, во Хрватска, кое го потресе регионот. Медицински лица кои се вклучени во истрагата велат дека кој и да е убиецот, има неизлечиво и тешко нарушување на личноста, односно поделена личност. Како мотив се наведува и љубомората.
Како што наведуваат психијатрите, доколку Смилјана е убиецот на својата сестра и ако таа ја ставила замотана во целофан во ладилникот и таму ја чувала цели 19 години, тогаш сигурно не се работи за ментално здрава личност.
„Никој нормален не би издржал ни пет дена покрај мртвото тело на својата сестра, а не па 20 години“, вели психијатарот Мирјана Назор.
За убиството дознала од телевизија, а зборува за можните дијагнози на луѓето кои извршуваат монструозен чин како овој.
„Би можело да се работи за поделена личност, а можеби во таа личност да живееле и неколку личности. Ако никој од луѓето со кои се дружела или нејзиното семејство со кое живеела не забележале никакви промени во нејзиното однесување откако ја убила сестра ѝ, тоа значи дека пред нив успевала да го задржи позитивниот дел од својата личност, додека оној изопачениот дел успевала да го задржи за себе“, тврди психијатарот.
Таа додава дека ментално здравите луѓе, дури и кога прават некакво лошо дело, имаат потреба тоа да го признаат за потоа што побрзо да го заборават, па дури и додека служат казна.
„Во овој случај не се работи за заборавање. Таа ја ставила својата сестра на место крај кое секој ден поминувала со години, па е можно на тој начин себеси да се казнувала. Бидејќи немала сили да го пријави тоа во полиција. Во секој случај, ова нарушување не може да се излечи. Таа ќе мора доживотно да биде на лекови, а судските вештаци ќе проценат дали е способна за затвор или ќе заврши во некоја установа“, објаснува Назор и додала дека мотиви за убиството би можеле да бидат користољубие или љубомора.
Регион
Колинда Грабар-Китаровиќ: Имам генетски предиспозиции за рак

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, која е во посета на Турција, за медиумите објасни дека била на испитување во приватна клиника.
„За жал, имам генетски предиспозиции. Од четворица баби и дедовци, тројца починаа од рак. Секоја година правам магнетна резонанца на дојката и на внатрешните органи”, изјави таа за новинарите.
Хрватската претседателка потврди дека во јануари беше на инфузија во Виноградската болница во Загреб. Таа рече дека таа имала вирус, а морала да оди на пат.
,,Вечерњи лист” објави дека Колинда Грабар-Китаровиќ во јануари повеќепати била на инфузии во болницата во Загреб, а дека минатата недела била на преглед во приватна клиника во близина на Загреб, која се занимава со дијагностика и лечење карцином.
Регион
Деветнаесет години го криела телото на сестра ѝ во ладилник

Хрватската полиција пронајде тело на жена во ладилник, во куќа во местото Меѓумурје. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно се работи за Јасмина Доминиќ, студентка која исчезнала во 2000 година. Нејзиното тело е најдено во подрумот од нејзината семејна куќа, каде што живее нејзината сестра со сопругот и трите деца.
Не е јасно како Јасмина исчезнала, ниту кој ја убил. А полицијата досега повеќепати ја пребарувала куќата и не го забележала телото, кое било замотано во целофан.
До шокатното откритие дошло откако во саботата на улицата снемало струја, па почнало да се шири ужасна смрдеа, по што жителите повикале брза помош и полиција. Истражителите го пронашле женското тело во ладилникот во ходникот од куќата.
Нејзината сестра е уапсена под сомнение дека го извршила ужасното убиство. Моментално е во притвор, каде што може да биде задржана 24 часа, пред да биде испратена кај жупанискиот обвинител. Се чекаат резултатите од обдукцијата на телото, кое може да потрае поради состојбата во која се наоѓа телото.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал