Контакт

Европа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Објавено пред

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат грчките медиуми. Пријавена е материјална штета. Во Хераклион беше наредена евакуација на училиштата и сите институции. Најмалку едно лице загина.
Станува збор за градежен работник, кој работел на обнова на црквата во селото Аркалохори, пренесува „Катимерини“.

Ова го потврди и градоначалникот на Аркалохорија, кој исто така изјави дека се оштетени две цркви и други згради во селото.

Според него, две лица биле заробени, едното во црквата, каде што се урнала куполата, а другото во неговата куќа.

Првата процена на Геодинамичкиот институт за земјотрес, кој се случи утрово на Крит, зборува за јачина од 5,8 степени, со епицентар на 78 километри јужно од Хераклион, најголемиот град на тој остров.

Евромедитеранскиот сеизмолошки центар одделно ги проценува вибрациите на 6,2 степени, пишува „Катимерини“.

Според првичните извештаи, епицентарот е на длабочина од 10 километри.

Последователните измерени земјотреси се со јачина од 3,8 и 4,5 степени.

Очевидци и локални медиуми тврдат дека земјотресот траел долго и бил силно почувствуван не само во Хераклион, туку и на целиот Крит.

Земјотресот, како што пренесуваат грчките медиуми, бил почувствуван на Крит, но и на познатиот остров Санторини.

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми.

Властите во Турција ги предупредија жителите за можно цунами предизвикано од земјотресот во Грција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Започнаа големи руски нуклеарни вежби: Лансирани балистички и крстосувачки ракети

Објавено пред

Русија денеска започна тридневни нуклеарни вежби, вклучувајќи лансирање балистички и крстосувачки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Белорусија, исто така, учествува во вежбите, што ги опфаќаат и подморниците, воздухопловните сили и копнените сили, објави Ројтерс.

Опсег и цел на вежбите
Во вежбите учествуваат 64.000 војници и 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на агресија“, се вели во соопштението на министерството.

Вклучени воени сили
Министерството соопшти дека во вежбите учествуваат ракетните сили на Русија, Северната и Пацифичката флота, авијацијата со долг дострел и единици од Ленинградскиот и Централниот воен округ. Вклучени се повеќе од 200 ракетни лансери, 140 авиони, 73 воени бродови и 13 подморници, од кои осум се стратешки нуклеарни подморници.

Вклучена е и Белорусија
Вежбите ќе вклучуваат и обука за употреба на руско тактичко нуклеарно оружје распоредено во Белорусија, додаде министерството.

Прикажи повеќе...

Европа

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица повредени

Објавено пред

Најмалку две лица се убиени, а четворица се повредени во пукање во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека е уапсен еден осомничен.

Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали.

Двајца од повредените се под 18 години, објави весникот „Ел Паис“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото/Видео) Масовен руски напад врз Украина: Лансирани повеќе од 500 дронови и десетици ракети

Објавено пред

Русија ноќеска започна еден од најголемите напади во последните денови, насочен кон осум украински региони со десетици ракети и повеќе од 500 дронови. Според локалните власти, повеќе од дваесетина цивили, вклучувајќи три деца, биле ранети во нападите, објавува „Еуроњуз“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите регистрирале најмалку 524 дронови „Шахед“ од иранско производство и речиси дваесетина балистички и крстосувачки ракети истрелани од Русија преку ноќ од понеделник до вторник. Според официјални лица, градот Днепар и околниот централен регион на Украина биле најтешко погодени.

Ескалација по краткото примирје
Нападот следува по неодамнешната серија напади со долг дострел кои се интензивираа по примирјето од 9 до 11 мај. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во тоа време дека побарал од Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да го почитуваат примирјето со надеж дека тоа може да доведе до долгорочен мир, но тоа имаше мал ефект.

И покрај американските дипломатски напори, нема индикации дека е на повидок мировен договор. Руските напади низ Украина во последните денови, главно насочени кон станбени области, убија десетици луѓе. Меѓу нив, според украинските власти, 24 лица загинале во станбена зграда во Киев.

Од друга страна, во еден од најголемите украински контранапади во последните денови, најмалку четири лица беа убиени во Русија, од кои три во близина на Москва, а десетина беа ранети, објавија руските власти во неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт8 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет9 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура9 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет10 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт10 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...

Спорт10 часа

Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го...

Забава11 часа

Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа...