Контакт

Регион

(Видео) Најмалку тројца загинати и 150 повредени во земјотресот во Албанија

Објавено пред

Најмалку три лица загинале, а 150 се повредени во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што синоќа во 3 и 54 часот ја погоди Албанија. Засега нема официјална потврда за бројот на жртви и повредени.

Најпогоден е градот Драч, каде е регистрирана голема материјална штета, а од јачината на потресот се урнале згради, а на некои места испукал асфалтот на улиците.

Локалните медиуми јавуват дека се урнале најмалку две згради, а бројни жители останале заробени во урнатините. Едно лице згинало во Курбин откако скокнало од прозор од зграда, соопштило Министерството за одбрана.

Албанскиот премиер, Еди Рама, утринава пристигнал во Драч, кој е најпогоден од земјотресот.

Засега нема детални информации за причинетата материјална штета.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Одлуката за ограничување на движењето во Косово е прогласена за неуставна

Објавено пред

Уставниот суд на Косово ја оцени како противуставна одлуката на Владата за ограничување на движењето во одредени временски периоди поради коронавирусот.

Барањето за оценка на уставноста ја поднел претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Судот оценил дека одлуката е противуставна затоа што не е заснована на закон и како рок за нејзино ставање вон сила го навел 13 април.

„Уставот јасно пропишува дека основните слободи и права може да се ограничат само со закон“, соопштија од судот.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Објавено пред

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија и Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“.

Курти прецизирал дека мерката за реципроцитет се однесува на Србија, а дека за стоката од БиХ таксата се укинува безусловно.

Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ и ќе важи до 15 јуни оваа година, кога ќе се согледаат резултатите од нејзината примена.

Институциите на Косово ќе треба да почнат со примена на одлуката откако ќе биде потпишана.

Косовоското собрание пред неколку дена ја отповика владата на Курти.

Прикажи повеќе...

Регион

Синиша Мали: Вучиќ не се чувствува добро

Објавено пред

Министерот за финансии, Синиша Мали, вели дека економската програма за борба против негативните ефекти од епидемијата на коронавирусот требал да ја претстави српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека тој не се чувствува добро.

Тој рече дека Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста што е можно поскоро во наредните 48 часа.

Претходно српскиот „Топлички центар за демократија и човекови права“ инфирмираше дека поднел кривични пријави против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и против српскиот министер за финансии, Синиша Мали, поради непостапување по здравствените прописи во време на епидемија, оти не се придржувале кон одредбата за самоизолација по враќањето од Унгарија, во време кога во Србија имало вонредна состојба. Вучиќ и Мали на 22 март биле во посета на Унгарија, но по враќањето не биле во самоизолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави „две многу болни недели“

Белата куќа објави нова проценка дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија22 минути

Забрана за камиони на Стража и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот...

Регион11 час

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија15 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија15 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија16 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија16 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија18 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија18 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет18 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија19 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет20 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет23 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија23 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет24 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет24 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет1 ден

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија1 ден

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Досие