Регион
На Миконос 36,98 отсто од тестираните се ковид-позитивни

На грчкиот остров Миконос 36,98 отсто од направените ковид-тестови се позитивни изминатата седмица. Ова го покажуваат официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ).
Тоа претставува зголемување за 14 отсто на позитивните случаи споредено со претходната седмица.
Информациите од Грција се дека стапката на позитивност загрижувачки податоци покажува во дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 отсто, како и островот Милос со 15,7 отсто.
Во конкретниот период стапката на позитивност во Грција е 6,18 отсто, од вкупно 556.948 лабораториски тестови.
Од почетокот на пандемијата во земјата се проценува дека има 144.221 реинфекции, а починаа 30.049 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.
„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.
Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност.
Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.
Европа
Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда, Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји, што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО.
„Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест члена на ПКК и шест члена на Фето, а од Шведска да екстрадира десет члена на Фето и единаесет члена на ПКК“, рече турскиот министер.
Вчера, пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и со шведската премиерка Магдалена Андерсон. Турција го блокира влезот на двете земји во НАТО обвинувајќи ги за засолниште на милитантите на двете движења. На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на три земји, со кој се отвора пат за проширување на алијансата.
„Турција го доби она што го сакаше“, соопшти кабинетот на турскиот претседател мислејќи на целосната соработка на државите во борбата против тероризмот.
Ердоган денеска ги објави 7-те точки од договорот потпишан со Шведска и Финска.
1. Финска и Шведска нема да обезбедат поддршка за ПКК и Фето, а Турција за возврат ќе обезбеди целосна поддршка на земјите во борбата против заканите врз нивната национална безбедност. Финска и Шведска се согласија најостро да го осудат тероризмот во сите негови форми и манифестации.
2. Финска и Шведска се обврзаа да потврдат дека ПКК е забранета терористичка организација и се обврзаа да ги спречат активностите на групата и сите други терористички субјекти, како и активностите на поединци во поврзани и групи или мрежи поврзани со тие терористи организации.
3. Финска истакна неколку неодамнешни амандмани на својот кривичен закон, кои го проширија опсегот на кривичните дела, од кои последниот стапи во сила на 1 јануари 2022 година. Шведска, од своја страна, потврди нов, построг закон за кривични дела на тероризмот и дека владата се подготвува дополнително да го заостри законодавството за борба против тероризмот.
4. Турција, Финска и Шведска потврдија дека меѓу нив повеќе не постои национално ембарго за оружје. Шведска ја менува својата национална регулаторна рамка за извоз на оружје во однос на сојузниците во НАТО.
5. Турција, Финска и Шведска се обврзаа на следните конкретни чекори: трите земји се согласија да воспостават заеднички, структуриран механизам за дијалог и соработка на сите нивоа на власта. Финска и Шведска ќе се борат против тероризмот одлучно и во согласност со одредбите на релевантните документи и политики на НАТО обврзувајќи се да ги преземат сите неопходни чекори за дополнително заострување на домашното законодавство за таа цел. Финска и Шведска навремено и темелно ќе ги решат барањата на Турција за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам.
6. За спроведување на овие чекори, Турција, Финска и Шведска ќе воспостават постојан заеднички механизам, со учество на експерти од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и правда, како и разузнавачки служби и безбедносни институции.
7. Турција исто така ја потврди својата долгогодишна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО согласувајќи се да ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на самитот во Мадрид во 2022 година.
Европа
Северен Јадран преплавен со медузи

Медузите годинава го преплавија северниот дел на Јадранот.
Медузата може да предизвика болки како од изгореници и нејзиниот допир може да биде болен, особено за луѓето со чувствителна кожа и за децата“, вели доктор Тјаша Коговшек од Центарот за морски истражувања во Ровињ. Според неа, оваа година морето е променето и медузите полесно се приспособуваат на тие услови.
Како можна причина за појавата на голем број медузи ја наведува температурата, но не исклучува и некои други фактори.
На прашањето дали вака ќе биде цело лето, таа за загрепската телевизија N1 изјави дека медузите се присутни во текот на целата година и дека повеќето од нив и во зима.
Сега е сезоната на компас-медузите од февруари до јули. Потоа следуваат други видови, секој вид има своја сезона кога се појавува, објаснува таа.
Ги повика капачите да не ги допираат.