Контакт

Регион

На повидок коалиција помеѓу бугарските социјалисти и Трифонов: „Двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики“

Објавено пред

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, по разговорите со партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, оцени дека средбата е добар чекор за изнаоѓање договор за формирање влада.

Истакна дека биле отворени теми за коишто се согласуваат, но има и точки за кои постојат разлики. Сепак, како што посочи Нинова, двете партии имаат повеќе заеднички интереси, отколку разлики.

„Остануваме на нашите позиции против концесиите, имаме разлики во повторната пресметка на пензиите и поточно кога тоа треба да се случи. Ние инсистираме тоа да се случи веднаш, а ставот на колегите од ИТН е дека треба да се случи следната година со новиот буџет“, рече Нинова.

Таа додаде дека БСП и ИТН имаат многу сличности во нивните гледишта околу судските реформи.

„Ние се согласуваме дека сериозната реформа во судството бара промена на Уставот и многу време – трансфер на обвинителството во извршната власт, друга структура на ДСК“, објасни таа. БСП, исто така, побарала нов закон за конфискација на нелегално стекнат имот.

Двете формации се согласија да испратат експертски групи за детално да продолжат со дискусиите за индивидуалните политики.

Лидерката на БСП рече и дека има три теми за кои треба да се разговара, вклучително и за Република Северна Македонија и за Истанбулската конвенција, но разговорите продолжуваат.

Регион

(Видео) Серија земјотреси во Грција, урнати згради и други објекти

Објавено пред

По силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што утрово го погоди грчкиот остров Крит, следеа неколку послаби потреси, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Предизвикана е голема материјална штета, урнати се постари згради и други објекти, а според информациите од грчките медиуми, две лица се заробени во урнатините.

Земјотресот се случи на 20 километри југоисточно од градот Ираклион, на длабочина од два километри. Најблиска населба до епицентарот е Ано Арханес, која има 3.900 жители. Оддалечено е десет километри од местото на земјотресот.

Земјотресот е регистриран во 8,17 часот по средноевропско време, или 9,17 часот по грчко време.

Очевидци изјавија дека земјотресот бил исклучително силен и траел долго. Некои училишта веднаш беа евакуирани, локалните жители во паника истрчаа на улиците. Според првите информации, има материјална штета, особено на постарите згради и цркви.

Десет минути по првиот земјотрес, следел уште еден со јачина од 3,8 степени, а потоа се регистрирани уште неколку земјотреси.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес во Грција

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Грција.

Според локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван на Крит.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 22 километри северозападно од Арви.

Потресот е регистриран на длабочина од пет метри, пишуваат грчките медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Објавено пред

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на двете страни дека сите дополнителни провокации или еднострани и некоординирани дејствија се „неприфатливи“.

„Србија и Косово мора безусловно да ја деескалираат ситуацијата на терен со итно повлекување на специјалните полициски единици и отстранување на блокадите на патиштата“, рече Борел.

Тој порача дека Србија и Косово мора да најдат решенија за да ја смират ситуацијата и да се договорат како да се оди напред, и оти ЕУ „активно ќе ги поддржи тие напори“.

„И косовските и српските лидери се целосно одговорни за секој ризик по безбедноста и благосостојбата на заедниците во Косово и во Србија. Го истакнав тоа во моите пораки до претседателот Вучиќ и премиерот Курти оваа недела“, рече Борел.

Тој нагласи дека дијалогот со посредство на ЕУ останува единствената платформа каде се разговараат и решаваат сите отворени прашања меѓу страните, вклучително и прашањата поврзани со слободата на движење и регистарските таблички.

Пристигнувањето на двајцата главни преговарачи во Брисел во наредните денови е првиот позитивен чекор, рече Борел, додавајќи дека е од клучно значење тие да дојдат и да разговараат како да продолжат понатаму и да најдат одржливи решенија што се во интерес на граѓаните.

„Повторуваме – очекуваме и Косово и Србија да се вратат кон помирувањето, регионалната стабилност и соработката за доброто на своите граѓани. Ова е клучно за постигнување сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на нивните односи, што е неопходно за двете страни да напредуваат на својот пат кон ЕУ“, рече Борел.

Тој изјави дека е во контакт со генералниот секретар на НАТО, на кого му се заблагодари за вонредната соработка помеѓу КФОР и Еулекс.

„КФОР има клучна улога во поддршката на регионалната стабилност на Западен Балкан“, заклучи високиот претставник на ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со Борел, нагласувајќи дека „Србија ќе продолжи да ги почитува сите договори што ги има потпишано, сите меѓународни правни прописи и ќе продолжи да го поддржува регионалниот мир и стабилност и покрај неодговорното, несериозно и криминално однесување на приштинските власти.

Борел, како што се додава, повика на трпение, зачувување на мирот и продолжување на дијалогот во Брисел.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион59 минути

(Видео) Серија земјотреси во Грција, урнати згради и други објекти

По силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што утрово го погоди грчкиот остров Крит, следеа неколку...

Европа2 часа

Тесна победа на Социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските Социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет2 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечниот „локдаун“ за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во останатиот дел од...

Македонија4 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – стартува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија4 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, од денеска со потврда ќе можат да...

Топ18 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион19 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија19 часа

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија23 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија3 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Досие