Регион
Ненад Периш: Матеј ја заврши својата приказна на земјата – утре резултати од обдукцијата

Утре, треба да има резултати од обдукцијата на телото, кое денеска беше пронајдено во водите на Дунав, а се претпоставува дека се работи за Хрватот Матеј Периш.
„Телото што денеска беше пронајдено во водите на Дунав ќе биде однесено на обдукција, каде што во согласност со процедурата ќе се направи обид да се утврди причината за смртта, како и да се утврди дали Матеј исчезнал“, рече началникот на Управата за криминалистичка полиција, Антонио Геровац.
Ќе видиме со српската полиција какви дејства треба да се преземат и дали тоа ќе биде возможно.
„Сѐ зависи од тоа од каков генетски материјал ќе биде направена ДНК – крв, меко ткиво, коски. Од тоа зависи и времетраењето на анализата. Допрва треба да се утврдат сите околности за откривањето на телото. Телото, најверојатно, ќе остане во Белград до петок. Резултатите од обдукцијата треба да се знаат утре. Првин семејството ќе дознае дали е Матеј“, додаде Геровац.
Таткото на Матеј во изјава за ХРТ рече дека долгоочекуваната вест е многу тешка и болна.
„Ја чекавме веста, ја чекавме вистината и таа вистина излезе таква каква што е, болна, тешка“, рече Ненад Периш откога српското МВР го известило дека е пронајдено тело на маж во Дунав, чија облека одговара на таа што ја носеше син му Матеј, кој исчезна во Белград на 30 декември 2021 година.
„Иако се случи разделбата, надежта дека повторно ќе се сретнеме никогаш нема да престане да биде таму“, рече Ненад Периш и им се заблагодари на сите што помогнаа да се открие вистината.
Тој во интервју за РТЛ додаде: „Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бала: Можно е нареднaта недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ

Координаторот на пратеничката група на социјалистите (партијата на Еди Рама) Таулант Бала, по средбата со чешкиот амбасадор во Тирана, Карел Урбан, на својот Фејсбук профил објави дека е можно, наредната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ.
„Се согласивме за фактот дека Западен Балкан мора да остане приоритет на Европската Унија за да овозможи продолжување на длабоките и трансформациони реформи започнати во рамките на процесот на интеграција. Со амбасадорот ја споделивме добрата вест од Брисел за можноста следната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија“, има напишано Бала на социјалните мрежи.
Регион
Генчовска за протерувањето на руските дипломати: Јас не го потпишав решението

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бугарските медиуми изјавила дека таа не ја донела одлуката и не ја потпишала нотата за протерувањето на 70-те руски дипломати.
На прашањето кој го направил тоа, таа одговорила:
„Контактирајте го премиерот. Имавме инструкции од шефот на неговиот кабинет со две писма. Тие се депонирани во Народното собрание со печат „Доверливо“.
„Нотата на амбасадорката Елеонора Митрофанова за дипломатите е испратена во писмо до премиерот, во кое се бараат и инструкции. Се уште не се примени во МНР“, изјавила Генчовска.
Денеска стана јасно, пишуваат бугарските гласила, дека руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, врачила усна нота со која бара до утре, 1 јули, да биде повлечена одлуката со која 70 руски дипломати се прогласуваат за персона нон грата – во спротивно руската амбасада во Бугарија ќе се затвори.
Министерството за надворешни работи ја потврди нотата на руската амбасадорка Митрофанова, пишува БНТ.
Во интервју за БНТ, Елеонора Митрофанова изјавила дека Москва размислува за најдрастичната мерка – прекин на дипломатските односи со Софија.
Македонија
Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија е конечен и, како што вели, порачува на неговите браќа Македонци и Албанци во Северна Македонија да го прифатат.
Propozimi i fundit francez, i cili është edhe përfundimtari,i jep Maqedonisë së Veriut mundësinë e një pranimi pa rezervë dhe hap rrugën e nisjes zyrtare të negociatave për anëtarësimin e të dy vendeve në Bashkimin Europian! Vëllezërve maqedonas&shqiptarë në MV u them: Pranojeni! pic.twitter.com/0bDtV99xTW
— Edi Rama (@ediramaal) June 30, 2022
„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!“, напиша Рама на Твитер.