Регион
Несреќа на хрватскиот аеродром: авион излета од пистата при слетување и удри во дрво

Пилотот и копилотот се повредени во несреќата што се случи околу 19:30 часот на аеродромот во Сињ, кога нивниот авион „Цесна 172А“ излетал од пистата и при слетување удрил во дрво.
Центарот на округот 112 Сплит добил дојава во 19 часот и 30 минути дека на аеродромот Сињ се случила несреќа при слетување на мал авион, пишува „24 сата“.
➡️ ŽC 112 Split zaprimio je danas, 30. srpnja 2023. u 19:34 sati, dojavu da je u Zračnoj luci Sinj došlo do nesreće prilikom slijetanja manjeg zrakoplova tipa CESSNA 172A. Zrakoplov je pri slijetanju izletio s piste i udario u stablo, pri čemu su ozlijeđeni pilot i kopilot.
— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) July 30, 2023
Според тамошните медиуми, за несреќата биле известени службите за итна помош, полицијата, хрватската контрола на летање и Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.
Регион
Силен земјотрес во Романија

Романија попладнево ја погоди земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на 52 километри северозападно од градот Бузау, кој се наоѓа на истокот на Романија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри.
Регион
Ужас во центарот на Белград: судир на трамвај и такси

Вечерва околу 17 часот дошло до судир на трамвај и такси на улицата Караѓорѓева, во близина на белградската автобуска станица.
Според извештаите, таксито удрило во трамвајот.
Не се знае моменталната состојба на учесниците, како и причината за несреќата.
На оваа делница од патот има голема гужва.
Истрагата е во тек.