Регион
Нишани: Албанците се државотворен фактор во Македонија, а наша обврска е да ги поддржуваме

Не се мешаме во внатрешните работи на никого, но Уставот нè обврзува да ги заштитуваме Албанците, порача во петок албанскиот претседател Бујар Нишани, во интервју за тиранската телевизија „Ора њус“.
„Албанија, посочува во интервјуто, е заинтересирана, придонесувала и придонесува за стабилноста на Македонија, за развојот и зацвстувањето на меѓусоседските односи со Македонија. Постои димензија многу позначајна во оваа посветеност на Албанија поради фактот дека Албанците се државотворен фактор во Македонија и несомнено во овој контекст, не само како државотворен фактор, туку и како определба и обврска од Уставот на Република Албанија, Албанија има уставна одговорност да ги поддржува и да се интересира околу почитувањето на правата и слободите на Албанците каде и да живеат“, изјави Нишани.
Според него, ставовите на македонската страна кон Албанците во Македонија се погрешни. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност.
„Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“ – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.
Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.
„Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.
Регион
(Видео) Силно невреме во Љубљана, ветер со над 100 км/ч

Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал.
Околу 15 часот кон Словенија дошло невреме од северниот дел на Јадранот. Околу 14:30 часот Љубљана ја зафатил силен ветер, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми.
Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд.
V Kranju je nevihtni veter odnesel streho večstanovanjske stavbe. Več ????https://t.co/V7DE8tcr6N
????BOBO pic.twitter.com/VNZTgZvNC8
— N1 Slovenija (@n1slovenija) August 18, 2022
Денешното невреме траело кратко и немало многу врнежи.
Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута.
Регион
Гренел: Курти ја отфрли секоја идеја што ја предложија САД

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлiл секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави.
„Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска“ – напиша Гренел на Твитер.
„Тоа едноставно е факт“ – додаде тој.
Reminder, @albinkurti has rejected every idea that U.S. Presidents have given Kosovo.
Both Democrat & Republican Presidents.
This is just a fact.
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 18, 2022