Регион
Нишани: Незадоволството кај народот е поради лошото владеење на премиерот Рама

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани оценува дека Албанија се наоѓа пред голем и масовен револт на народот. Нишани во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ вели дека масовната експлозија на народот која ќе има несогледливи последици е резултат на неколкугодишното незадоволство на народот.
Тој додава дека револтот што народот го искажа за време на протестите поради високата патарина на автопатот што ги поврзува Албанија и Косово ќе продолжи и со нови протести.
Незадоволството кај народот е големо поради лошото водење на државата од страна на владата на Еди Рама од која расте бројот на сирамашните граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Франција ќе прими 400 мигранти од Грција

Франција следните месеци ќе прими 400 мигранти, кои поднеле барање за азил во Грција, изјави францускиот амбасадор во Атина, пренесе АНА.
„Сакаме да ѝ помогнеме на Грција, која се соочува со зголемен прилив на мигранти во последните месеци“, изјави амбасадорот Патрик Мезонав.
Грција изминатава година повторно стана прва земја во ЕУ во која пристигнуваат мигранти.
Регион
Апел од српски семејства Хандке да добие улица и споменик во Белград

Семејствата на српските жртви во Косово денеска побарале од претседателот и од премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ, писателот Петер Хандке, годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература, да добие улица и споменик во Белград, пренесува „Спутник“.
Тие сметаат дека Хандке заслужува една улица да го носи неговото име и државата да му изгради споменик како за борец за вистината и правдата.
Здружението наведува дека Хандке ја препознал вистината и ја осудил неправдата и дека јавно зборувал за страдањата на Србите и за злосторствата извршени над Србите во Косово.
„Затоа, апелираме до српските државници бидејќи еден ваков борец за вистината заслужува и улица и споменик во Белград“, се наведува во соопштението.
Регион
Српски камионџии претeпaни на границата меѓу Украина и Романија

Шестмина српски камионџии ноќеска по полноќ биле брутално претепани на граничниот премин меѓу Украина и Романија, но од украинската страна, пренесува српски „Курир“.
„Србите биле претепани од украински возачи на шлепери, а додека ги удирале, им викале ’ова е Украина‘ и дека тоа е нивна граница“, пишува „Курир“.
Групата претепани српски возачи објаснила дека тоа се случило на границата меѓу двете земји, пред самиот влез во Романија, додека се враќале дома. Тројца од возачите добиле сериозни повреди.
Прашани што било повод за нападот, возачите рекле дека биле нападнати без причина. Тие посочиле дека на тоа место со денови чекаат српски, руски и белоруски шлепери за разлика од домашните, кои без проблем ја заобиколуваат километарската колона и веднаш ја преминуваат границата.
Амбасадата на Србија во Романија соопшти дека не била официјално известена за инцидентот на украинско-романската граница ниту од српските државјани ниту од романските власти.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми