Контакт

Регион

Нова рунда преговори Вучиќ-Тачи во Брисел на 18 јули

Објавено пред

Новата рунда преговори помеѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, ќе се одржи в среда, 18  јули, во Брисел.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, потврди дека ќе биде домаќин на состанокот во контекст на дијалогот Белград-Приштина.

Могерини со Вучиќ и Тачи разговараше за напредокот во досегашните разговори за договорот за сеопфатна нормализација на односите и плановите за следните чекори со цел да се осигури дека двете страни ќе ги продолжат разговорите со интензивно темпо, соопшти портпаролката на високата претставничка, Маја Коцијанчич.

Регион

Курти: Конфедерација на Албанија и Косово пред влез во ЕУ

Објавено пред

Од

Лидерот на политичкото движење „Самоопределување на Косово“, Албин Курти, изјави дека влегувањето во конфедерација на Албанија со Косово е многу добро во пресрет на влегувањето на Албанија во ЕУ. Курти во интервју за албанската државна телевизија ТВШ истакна дека проектот за конфедерација на Албанија со Косово не е во спротивност со Европската Унија.

„Јас сум силен поддржувач на ЕУ бидејќи сметам дека членството во Унијата ја гарантира стабилноста на земјите“, рече Курти и додаде дека внатрешниот мир е многу битен.

Според него, и покрај тоа што проектот за обединување на Косово и Албанија е неприфатлив за меѓународниот фактор и тоа не го дозволува уставот на Косово, сепак во пресрет на влегувањето на Албанија во ЕУ треба да се случи конфедерација.

Тој оценува дека интеграцијата на 6-те земи од регионот во ЕУ треба да биде во ист момент и покрај тоа што Македонија има проблеми со Грција, а Косово со Србија.

К.М.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватските граничари тепаат мигранти, обвинува Црвениот крст

Објавено пред

Од

Црвениот крст денеска предупреди за наводите за насилство што граничарите во Хрватска го вршат над мигрантите кои се обидуваат да влезат во земјата од соседна Босна и Херцеговина.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) соопшти дека десетици лица кои се обидуваат да ја преминат границата секојдневно се лекуваат од повреди.

Портпаролката на ИФРЦ, Никол Робишо, денеска изјави дека некои мигранти се пожалиле дека биле претепани од хрватските граничари, но ИФРЦ не може да го провери тоа.

Регионалниот директор на ИФРЦ за Европа, Симон Мисири, истакна дека владите мора да обезбедат достоинство и почит за сите луѓе.

„Желбата да се контролира нечија граница не го оправдува насилството”, предупреди Мисири.

Од ИФРЦ велат дека повеќе од 8 000 луѓе влегле во Босна оваа година, што е за осум пати повеќе отколку во 2017 година, вклучувајќи и околу 3 000 во изминатите четири недели, а многумина доаѓаат од Авганистан, Пакистан, Иран или Сирија.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Колинда: „Албанците се наши браќа по оружје“

Објавено пред

Од

Хрватска силно ја поддржува европската интеграција на Албанија и го поздравува напредокот што го постигна досега во исполнувањето на критериумите потребни за членство во ЕУ, рече хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во албанскиот парламент.

Таа, исто така, ја искористи можноста да ѝ честита на албанската страна за одлуката на Европскиот совет за почнување пристапни разговори во јуни 2019 година.

Во својот говор таа исто така се осврна и на „трајното и неразделно пријателство” меѓу двете земји и улогата на албанското национално малцинство во хрватското општество.

Таа потсети дека „Албанија им била пријател кога им било потребно и дека многу Албанци се бореа во војната во Хрватска“.

„Бевме буквално браќа по оружје, пред да се здружиме во НАТО во 2009 година. Многу Албанци го жртвуваа својот живот за Хрватска и веруваат во мене – Хрватска нема да го заборави тоа”, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија13 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија14 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија14 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија14 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ15 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ15 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија17 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија17 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија18 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија19 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија20 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион21 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет21 час

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа21 час

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Досие