Контакт

Регион

Новиот специјален обвинител за злосторствата на ОВК потпиша свечена изјава

Објавено пред

Новиот специјален обвинител на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК на КиМ, Џек Смит, денеска потпиша свечена изјава дека независност, непристрасно и совесно ќе ја извршува својата функција.

Ова е во согласност со член 36 од Законот за специјализирано обвинителство, објави Канцеларијата на специјалниот обвинител.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

За една недела увозот од Србија и БиХ во Косово намален за 50 отсто

Објавено пред

Директорот на косовската царина, Бахри Бериша, изјави дека увозот од Србија и Босна и Херцеговина се намалил за 50 отсто, на седум дена по воведувањето данок од 10 отсто на производите од овие две земји.

„Споредбата е направена една недела по воведувањето на решението. Ова покажува дека на само една недела пред одлуката имаше околу 7 милијарди евра на увезените производи од двете земји, Србија и Босна и Херцеговина, што во текот на следните шест дена, по одлуката на властите, имаше 3,5 милијарди евра увоз од двете земји “, рече тој.

Косовскиот министер за трговија и индустрија, Eндрит Шаља, пак, објасни дека Владата на Косово оваа мерка ја вовела на барање на производителите на Косово, но вели дека не ја исклучува ниту можноста за заострување на овие мерки и дека „досега во државниот буџет се собрани околу триста илјади евра”, пренесува Н1.

„Одлуката е донесена како резултат на поплаки од нашите производители, нашите извозници, во однос на третмант што го имаа од Србија и Босна и Херцеговина, и двете потписнички на ЦЕФТА. Таква одлука беше неопходна. Мислам дека оваа мерка треба да биде уште поостра и во моментов се извршуваат консултации по ова прашање“ , вели Шаља.

На оваа одлука на Владата на Косово вчера реагираше и Амбасадата на САД во Косово, оценувајќи дека овој потег на Владата создава несигурност за бизниси и ја дестабилизира економската ситуација.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Објавено пред

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало дека хрватската полиција ги тепа азилантите.

„Баратели на азил од Алжир, Сирија и Пакистан се обиделе да ја преминат границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, но ги задржала хрватската полиција. Барателите на азил велат дека биле брутално претепани, а потоа вратени”, пишува британскиот весник.

Другите медиуми, исто така, пишуваа за бруталноста на хрватската полиција на границата, додава во својот напис индекс.хр, кој ја пренесе веста на „Гардијан“.

На видеото прво се слуша гласот на еден од мигрантите кој вели дека хрватските полицајци ги тепале, а потоа се прикажува човек чие лице е прекриено со крв.

На крајот од септември и германскиот весник „Ди Велт“ пишуваше за бруталниот третман на хрватската полиција против барателите на азил. Денешната политика на Хрватска спрема мигрантите се опишува слично како онаа на Унгарија, односно на Виктор Орбан, велат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Партијата на Ердоган бара на осомничените за убиство на Кашоги да им се суди во  Турција

Објавено пред

Омер Челик, портпарол на турската Партија за правда и развој на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска предложи на осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги да им се суди во Турција пред.

Ваквото барање според него е со цел да би можеле меѓународните групи за заштита на човековите права да го надгледуваат судењето.

Турските власти веќе го подготвија барање за екстрадиција на 18-те осомничени кои беа притворени во Саудиска Арабија, вклучително и тим од 15 мажи кои пристигнаа во Истанбул непосредно пред убиството што ги извршија, објави Ројтерс.

Кашоги кој беше дописник на „Вашинготн пост“ на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул за да подигне документи кои му беа потребни за неговата свадба, меѓутоа тој никогаш не излезе од конзулатот. По меѓусебни обвинувања на релација Турција-Саудиска Арабија, и по мешународниот притисок, официјален Ријад соопшти дека резултатите од нивната истрага покажуваат дека Кашоги бил убиен во конзулатот за време на караница со сега осомничените лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Регион6 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија8 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија8 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија9 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија10 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија11 час

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија11 час

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија13 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија13 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија14 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија14 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија15 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија15 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет15 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија17 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија17 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија17 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Досие