Регион
Нов земјотрес во Петриња, граѓаните од страв излегоа на улиците

Нов земјотрес ја погоди областа Петриња во Хрватска.
Според првите податоци на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 3 километри југозападно од Сисак на длабочина од 2 километра.
Според очевидци, земјотресот се почувствувал доста силно и многумина од страв излегле на улиците, пренесува „Јутарњи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Србија стигнаа уште 500.000 вакцини од „Синофарм“

Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од руската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ”, рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.
„Благодарен сум на Кина, горд на Србија!“, напиша претседателот на Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.
„Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини“, рече претседателот на Србија.
Регион
Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти и сите продавници, освен продавниците за храна.
Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на часови преку Интернет.
За време на новиот режим ќе можат да работат само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, а на аптеките и бензинските пумпи работното време не им е ограничено.
Во ски – центрите овие мерки ќе важат од полноќ и ќе траат до понеделник, што значи дека угостителските објекти на овие места нема да работат во текот на целиот викенд.
Исклучок се хотелските кафулиња и ресторани, кои за време на викендот можат да послужат само гости кои имаат регистриран престој.
Кога станува збор за културните институции, само театрите ќе можат да работат до 21 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки, додека ќе може да се одржат и претходно закажани спортски настани, но без присуство на публика.
Доставата на храна ќе функционира 24 часа на ден. Исто така, по 12 часот, можат да работат приватни здравствени установи, лаборатории, ветеринарни клиники и стоматолошки ординации.
Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим.
Од Владата соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.
Регион
Осомничен за воени злосторства во Петриње уапсен во Германија

Сојузната германска полиција информира дека 65-годишен маж осомничен за воени злосторства извршени во 90-тите години во Хрватска е уапсен на аеродромот во Франкфурт.
Полицијата соопшти дека вчера, во раните утрински часови по пристигнувањето од Белград, бил уапсен 65-годишен хрватски државјанин осомничен за четири убиства за време на војната во поранешна Југославија.
Понатаму се споменува дека 65 годишното лице било уапсено врз основа на потерница од Хрватска.
Медиумите во Србија јавуваат дека станува збор за Сава Грновиќ, кого хрватското судство го обвинува дека како припадник на т.н. специјална полиција, во ноември 1991 година, го убил четиричленото семејство Козбашиќ во Петриње.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“