Контакт

Регион

Нов пожар на Евија

Објавено пред

Грчката противпожарна служба денеска испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.

Пожарот избувна денеска во близина на западниот брег на островот, пренесува агенцијата АП.

Пожарот го гаснеа 64 пожарникари со 26 возила, девет хеликоптери и еден авион, а наводно пожарот бил изгаснат по неколку часа.

Во претходниот пожар во северна Евија, стотици луѓе беа евакуирани по море од плажите и крајбрежните села, додека огнот се спушташе по падината кон нив.

Причините за пожарот во Грција сèуште не се официјално утврдени, но десетици луѓе се уапсени под сомнение дека го подметнале пожарот, меѓу кои и 14-годишно момче.

Регион

Првпат Албанија има влада со мнозинство жени

Објавено пред

Албанскиот парламент гласаше за првата влада во која мнозинството го сочинуваат жени откако во земјата беше воведен повеќепартиски систем пред 30 години.

По парламентарното собрание, кое траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше избран за премиер третпат по ред по огромната победа на изборите во април.

Од 17 члена на владата, 12 се жени.

„Борбата против родовата дискриминација и семејното насилство останува отворена и е далеку од победена“, рече Рама пред пратениците што гласаа за неговата влада со 77 гласа од 140 додавајќи: „Сѐ уште има дискриминаторски сили и негативна енергија што дејствуваат во нашето општество да им наштети на жените и девојчињата“.

Олта Џачка ќе продолжи да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, а Делина Ибрахимај, поранешна шефица на даночната администрација, ќе раководи со Министерството за финансии и економија.

Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет во третиот мандат.

Новата влада предвидува економски раст од 4 проценти годишно по падот од 3,3 проценти во 2020 година како резултат на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Објавено пред

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19. Негативниот тест на коронавирус веќе нема да им биде доволен на државните службеници за да одат на работа како за другите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката влада доцна синоќа.

Секој државен службеник ќе треба да ја прими првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучиле за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која обезбедува заштита по една доза.

Во Словенија во сила се заострени мерки, според кои за одење на работа, за возење во јавен превоз, за посета на трговски центар, банка или пошта потребна е потврда за вакцинација или негативен тест.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: „Отворен Балкан“ не е српска игра

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ја критикува Приштина дека не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“ оценувајќи ја нејзината одлука како избрзана, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој во парламентот изјавил дека Србија треба да ѝ се извини на Приштина за наводните воени злосторства, но исто така оценил дека претстои долг пат и дека е важно да се има предвид перспективата, а не политичката борба, објавија албанските портали.

Во изјавата според написите на медиумите тој кажал дека „Отворен Балкан не е српска игра“, туку „дете на Берлинскиот процес“.

„Земјите од регионот влегуваат во нов процес преку ‘Отворен Балкан’. Земјите учат, практикуваат, се соочуваат со тешкотии, така што кога ќе влезат во ЕУ, може да извлечат одредени заклучоци“, изјавил Рама.

„Заинтересирани сме колку ќе добие Косово во соработка со Албанија“, изјавил Рама додавајќи дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, предодреден е да загуби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија7 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија8 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија10 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија12 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија13 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија13 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија13 часа

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија14 часа

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија15 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион16 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет16 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија1 ден

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Досие