Контакт

Регион

Нов 21 случај на коронавирус во Грција, вкупно се заболени 66 лица

Објавено пред

Нови 21 случаи на коронавирус се потврдени вечерва во Грција, јави грчкиот весник „Катимерини“.

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус сега изнесува 66 и сите се со грчко потекло. Од нив, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет, односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.

Еден од пациентите е хоспитализиран со тешка пневмонија во Одделот за нега на пациенти во Патра. Сите други се во стабилна состојба и нивниот здравствен надзор продолжува, информираат од грчкото министерство за здравство.

Од пациентите, 22 се хоспитализирани во Атика, Солун и Патрас, а 43 се изолирани во нивниот дом.

 

Регион

(Видео) Хрватска пратеничка отстранета од седница – одбила да стави маска

Објавено пред

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, ја отстрани пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од седница затоа што одбила да стави заштитна маска.

Таа побарала од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската децата да носат маски.

„Прво ставете маска или ќе морам да ве исклучам од расправата“, ѝ рече Јандроковиќ, а потоа додаде: „Имаме пет минути пауза, а вас, госпоѓо Кришто, ќе ве исклучам од седницата до крајот на денот“.

Видовиќ-Кришто на седницата побарала да се укине обврската децата да носат маски повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажуваат дека носењето маски не придонесува за намалување на ризикот од зараза со коронавирус и дека може да предизвикаат здравствени и психолошки проблеми кај децата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 204 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 204 нови случаи на коронавирус, две лица починале, а бројот на активни случаи е 1.268, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 6.387 примероци, а оздравеле 828 лица.

Во моментов има 3.314 лица во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 15.340 заболени, од кои 257 починале. Закрепнале 13.815 луѓе.

До денес се тестирани вкупно 273.684 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Бугарите на масовни протести против Владата и на Денот на независноста

Објавено пред

Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на Владата што ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите.

Неколку илјади луѓе се собраа во повеќе градови на антивладини протести, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка“ за време на говорот на претседателката на парламентот, Цвета Карајанчева, по повод националниот празник, пренесува јавниот радио сервис.

„Оставка“, „мафија“ беше скандирано и од демонстрантите во Софија, меѓу кои имаше многу млади луѓе, кои во ерупција на незадоволство направија заглушувачка бучава пред седиштето на владата.

„Јас тврдоглаво инсистирам на тоа да го изградам својот живот во Бугарија, иако повеќето од моите колеги сакаат да ја напуштат земјата веднаш штом дипломираат“, рекла студентка по медицина во Софија, учесничка на протестот.

Зградата на парламентот ја чуваа три полициски кордони кон кои демонстрантите фрлаа со петарди и шишиња.

Во Софија во последните два и пол месеци се одржуваат секојдневни протести за борба со корупцијата, во кои учествуваат луѓе од различни сфери и политички припадности, кои бараат „живот според европските стандарди“.

Според невладината организација „Транспаренси интернешнл“, Бугарија е најсиромашна земја во Европската Унија, но и членка со највисоко ниво на корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа43 минути

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа1 час

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет2 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија2 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија3 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија16 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија16 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија17 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет18 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија21 час

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија24 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија24 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Досие