Регион
Нa демонстрантите во Белград фрлaн солзавец со рок истечен пред 25 години
На протестите во Белград на 7 јули поради најавата за затегнување на епидемиолошките мерки, полицијата пушти солзавец произведен во 1990 година кај демонстрантите, што предизвика вознемиреност кај граѓаните, но и опозициските партии.
За време на растерувањето на насобраните демонстранти пред зградата на српскиот парламент и судирите со демонстрантите во центарот на Белград на 7, 8 и 9 јули испукани се десетици канистри со солзавец, кои можеле да се најдат на улиците по завршувањето на судирите. Новинарите на Радио Слободна Европа (РСЕ) снимиле канистри со ознака „Куршум 38мм МН-01 ЦС“.
Како година на производство на некои канистри е наведена 2012, но пронајдени се канистери произведени пред триесет години, односно во 1990 година.
Во описот на производот наречен „хемиски куршум за неутрализација МН-01“, на веб-страницата на компанијата „Трајала“, која произведува експлозиви и пиротехнички средства, се вели дека пиротехничкото средство е наменето за привремено онеспособување на незаштитени лица на отворен и затворен простор.
Техничките карактеристики наведуваат дека рокот на траење на солзавецот е пет години, односно дека е најдобро да се користи во тој период.
Компанијата не одговори на прашањето на РСЕ што се случува со составот на солзавецот и неговите ефекти ако рокот на траење истекол пред 25 години.
Проблемот го покренаа граѓаните на социјалните медиуми, кои исто така објавија фотографии од канистери, а полициските акции на протестите во Белград беа осудени од невладини организации и опозициски партии.
Движењето „Слободни граѓани“ на 11 јули објави дека рокот на траење на солзавецот е пет години, по што следува промена во хемискиот состав и потоа отровот станува посилен.
Поранешниот шеф на Националниот центар за контрола на отрови во Воената медицинска академија, токсикологот Драган Јоксовиќ, рече дека солзавецот на протестите во Белград создал идеални услови за ширење на сите инфекции, а особено за коронавирусот, кој сега најмногу циркулира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.