Контакт

Регион

Обилни дождови предизвикаа поплави во Солун

Објавено пред

Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Солун, при што десетици домови се поплавени, а двајца мотоциклисти беа заробени на поплавените улици, јавија грчките медиуми.

Противпожарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 дома морало да се испумпува вода, пренесува „Катимерини“.

Во текот на невремето во четвртокот вечерта пожарникарите евакуирале седум лица од поплавените домови во областа Ефкарпија.

Двајца возачи биле заробени од надојдените води, при што едниот, наводно, избегал од поплавата, а другиот побарал полициска интервенција.

Сообраќајот во Солун се одвива забавено, а регистрирани се и неколку незгоди поради лизгавиот коловоз.

Регион

Вучиќ организира ручек, гостите ги послужи со печење

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ приреди свечен ручек по повод Денот на државноста на Србија во зградата на Претседателството, објавено е на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“.

На фотографијата се гледа како Вучиќ ги послужува гостите со традиционално печење.

Меѓу гостите бил и патријархот на Српската православна црква, Иринеј.

Претходно денеска, претседателот Вучиќ додели одликувања, се обрати на свеченоста, а се сретна и со претставниците на Србите од Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе...

Регион

Курти: Мафијата е единствен сектор кој е целосно интегриран во Западен Балкан

Објавено пред

Мафијата на Западен Балкан е единствен сектор кој е интегриран во целост, изјави косовскиот премиер, Албин Курти, за време на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Курти за време на учеството на панелот „Изградба на општествена стабилност во европското соседство“, а на кого ова му е прво учество на некој меѓународен собир по изборите за премиер на Косово, истакна дека на Западен Балкан му е потребно најпознати лица да бидат обвинители.

„Мафијата е единствениот сектор целосно интегриран на Балканот. Тоа што ни треба е обвинителите да бидат најпознати лица, а не премиери или министри за надворешни работи“, нагласил Курти.

Курти на пат кон Минхен направи преседан, на аеродромот во Приштина не влезе во ВИП-секторот, туку стоеше во ред за пасошка контрола и помина како и сите други патници.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес погоди грчки остров во Егејското Море

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди островот во југоисточниот дел на Егејското Море, а засега не се пријавени повредени, ниту материјална штета.

Геодинамичниот институт во Атина соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил на 39 километри северозападно од островот Карпатос и дека се случил веднаш по 18 часот по локално време.

Карпатос се наоѓа меѓу популарните туристички острови Родос и Крит во делот на Грција, кој е подложен на земјотреси.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците...

Македонија19 часа

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус. Станува збор за еден член на...

Македонија19 часа

Макрон ја отвора вратата на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен,...

Македонија20 часа

Изгласани измените на изборниот законик – Дебар и Маврово-Ростуше се преместуваат во петтата изборна единица

Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата...

Топ20 часа

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Утрово околу 5 часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица....

Свет21 час

Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија...

Македонија23 часа

Разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи

Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката...

Македонија2 дена

Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи....

Свет2 дена

Во пожар во сиропиталиште на Хаитите загинаа 13 деца

Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град на Хаитите, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на...

Свет2 дена

Штајнмајер ги обвини САД, Кина и Русија за небезбедноста во светот

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер, порача дека меѓународната политика влегува во мрачна доба за што се одговорни светските сили САД,...

Интервју/Дебата2 дена

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Јавноста нема да слушне дел од разговорите меѓу Милески и Јовановски под образложение дека се сензитивни

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“, додека во судницата зе слуша нов разговор, кој според обвинителката Вилма Русковска...

Македонија2 дена

Груби: Од прв до последен ќе гласаме за законот за ЈО, ДУИ нема никакви условувања

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби,...

Македонија2 дена

(Видео) Јовановски: Доцниме на судење бидејќи бев нападнат од затворски службеници

Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа...

Македонија2 дена

Дескоска и пратениците од СДСМ нема да се јавуваат за збор за законот за ЈО за да заштедат на време

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час...

Македонија2 дена

Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па...

Македонија2 дена

(Видео) Заев на „Ал џезира“: Немаме алтернатива за европската иднина, да не дозволиме враќање на национализмот

Нашата земја нема друга алтернатива освен градење европска иднина, не смееме да дозволиме враќање на национализмот, изјави претседателот на СДСМ,...

Свет2 дена

Над 1.300 лица починаа од коронавирусот, заразени сѐ повеќе здравствени работници

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број....

Македонија2 дена

Законот за ЈО денеска пред пратениците

За денеска во 11 часот закажана е собраниската седница за предлог-измените во законот за Јавното обвинителство. Собранието синоќа со доцнење...

Македонија2 дена

Разрешувањето на Мизрахи на собраниска седница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална...

Досие