Регион
ОБСЕ, Амбасадата на САД и ОХР ја осудуваат циничната употреба на извештајот на Комисијата за Сребреница за политички цели
Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, на Амбасадата на САД и на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) „најостро го осудуваат циничниот начин на употреба на Извештајот на Европската комисија за настаните во и околу Сребреница во 2004 година, за политички цели за време на предизборниот период.
„Политизацијата на Извештајот не придонесуваат за правда и помирување, го поткопува владеењето на правото, не ги претставува европските вредности и во крајна линија, претставува закана за процесот на остварување на правда за сите жртви на воените злосторства, без оглед на етничката припадност. Извештајот помога заедниците во Босна и Херцеговина да се продолжат напред. Многу од резултатите во извештајот се верифицирани и потврдени од страна на одлуки на меѓународни, домашни и странски судови. Фактот дека во Сребреница во 1995 година е извршен геноцид е потврден од страна на две меѓународни судови. За да биде јасно, никој не ја демонизира Република Српска, ниту пак зборува за колективната одговорност на Република Српска или на српскиот народ, како што тврдеше претседателот на Република Српска и други. Жртви има од сите страни, вклучувајќи го и српскиот народ. По усвојувањето, Извештајот беше важен чекор напред во напорите за постигнување на правдата. Овие напори продолжуваат и денес. Мисијата на ОБСЕ во БиХ во неколку наврати истакна дека обвинителите и судовите на ниво на Федерацијата на БиХ, Република Српска, како и на Обвинителството на БиХ и Судот на БиХ, досега ја завршиле работата на скоро 500 случаи поврзани со воени злосторства. Судските институции на Босна и Херцеговина покажаа силна посветеност на утврдувањето на вистината и обезбедување ефикасно испитување на сите воени злосторства, без оглед на етничкото потекло на сторителот или жртвата. Бараме продолжување на поддршката на овие институции, со цел да им се овозможи да го завршат овој процес и да обезбедат правда за жртвите“, се вели во соопштението на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.