Контакт

Регион

Од утрово забрана за влез на странци во БиХ

Објавено пред

Одлуката на министри на Советот на БиХ да им забрани на странците да влезат во БиХ почна да се применува на граничните премини во БиХ, за да се намалат ефектите од пандемијата на коронавирус, рече началникот на канцеларијата на БиХ, Радишa Самарџија, директор на граничната полиција во БиХ.

Самарџија кажа дека одлуката била донесена синоќа и веднаш била испратена до сите теренски канцеларии на граничната полиција и дека пет влезови во БиХ биле одбиени на граничните премини утрово.

„Утрово на четворица српски државјани и еден романски државјанин им беше забранет влез во БиХ“, рече Самарџија.

Како што истакна, заклучно со 30 март, сите четири аеродроми во БиХ ќе бидат затворени за патнички сообраќај.

Здравствени работници, лица кои имаат потреба од медицински третман, прекугранични работници, служби за цивилна заштита и тимови, припадници на силите на НАТО, како и лица кои живеат во БиХ се исклучени од оваа забрана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Црна Гора 160 лица инфицирани со коронавирус, 40 се заразиле на погреб

Објавено пред

Во Црна Гора денеска се потврдени уште 16 случаи на коронавирус, со што бројот на пациенти достигна 160, при што најголем број од новите случаи – 10 се во Подгорица.
        
„Само еден погреб во Улцињ резултираше со 40 заразени. Непочитувањето на мерката да се оди од еден во друг град резултираше во кластер којшто го имаме во едно село“, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша на редовната прес-конференција за новинари.
        
Тој изјави дека непочитувањето на предлогот да не се одржуваат масовни собири, како што е верскиот собир во Дољани, резултираше во бројни заразени лица.
        

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 2.045 луѓе ги загубија своите работни места за 15 дена

Објавено пред

Од 23 март, од кога е овозможено пријавување во евиденцијата на Националната служба за вработување по електронски пат, до последниот ден од март се пријавиле 2.045 граѓани, соопшти Министерството за труд.

Од новорегистрираните во март, кои се пријавиле во Националната служба за вработување по прекинувањето на работниот однос или вработувањето, најголем број се од трговијата и угостителството.

Од 15 март, кога беше воведена вонредна состојба, вкупно 1.860 лица поднеле барања за остварување право на паричен надоместок, од кои 1.486 поднеле пријави по електронски пат (почнувајќи од 23 март кога беше воведена можноста).

Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Зоран Ѓорѓевиќ, рече дека отпуштањето на работниците без основа и праќањето на вработените на неплатен одмор без нивна согласност претставува кршење на законот за работни односи и рече дека сите работодавци што го прават тоа, ќе бидат казнети и дека државата ќе застане зад работниците што ќе се најдат во таква ситуација.

Прикажи повеќе...

Регион

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Објавено пред

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија.

„Кон крајот на минатата година идентификувавме повеќе поврзани налози вклучени во координирана акција, што резултира со гасење 8.558 налози наменети за промоција на владејачката партија во Србија и нејзиниот лидер. Ваквото дејствување е во спротивност со нашите прописи и претставува свесен обид за загрозување на слободата на јавното изразување“, објави „Твитер“.

Исто така, избришани се и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и во Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија40 минути

(Видео) Лицата кои останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Македонија1 час

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Топ2 часа

Обвинителството побара притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во зграда во...

Економија3 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија4 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион4 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион5 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет5 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет5 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион6 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет17 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет17 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија20 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет22 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија23 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија23 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија23 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија24 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ1 ден

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет1 ден

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Досие