Контакт

Регион

Османи: По нападот во Бањска, дијалогот со Србија не може да биде како порано

Објавено пред

Косовската претседателка Вјоса Османи ги обвини Србија и претседателот Александар Вучиќ дека стојат зад нападот на косовската полиција во селото Бањска и оцени дека по тој инцидент дијалогот меѓу двете страни „не може да биде ист како порано“, пренесуваат медиумите во регионот.

„Косово е на удар. Вооружената група едноставно ги постигна целите и мотивите на Србија како држава и на Вучиќ како лидер. Ние бевме жртви на српската агресија и сите треба да ја третираат Србија како агресор“, вели Османи за Ројтерс.

Таа му порачува на претседателот на Србија да не се меша во внатрешните работи на Косово, пренесуваат српските медиуми.

„Косово по секоја цена ќе ја брани својата слобода, независност и суверенитет. Се обидуваат да го применат моделот на Крим во Република Косово, но ние тоа апсолутно нема да го дозволиме. Ќе го заштитиме секој агол на територијата на Косово“, вели Османи за Ројтерс.

Според медиумот, таа предупредува дека се можни слични инциденти во иднина и бара од меѓународната заедница „да направи се за да ја спречи Србија“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

Објавено пред

Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“,  по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус.

Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми.

„Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“.

Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги превентивни мерки и дека немало контакт со други лица.

Според докторката, црногорската државјанка била тестирана веднаш по слетувањето во Холандија и резултатот бил негативен на хантавирус.

Сепак, ќе остане во изолација шест недели и ќе биде под здравствен надзор, бидејќи кај неколку патници без симптоми бил регистриран вирусот.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, рече шефот на НАТО

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана.

По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО.

Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во безбедноста поради руската агресија и растечкото влијание на Кина, додавајќи дека е благодарен за поддршката што Црна Гора ѝ ја дава на Украина.

Спајиќ најави нов меѓудржавен договор со САД во јуни и порача дека „одлични денови“ ја очекуваат Војската на Црна Гора.

Тој истакна и дека Црна Гора е пример за мултиетничко општество.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Фото+Видео) Силно невреме ги зафати Хрватска и Словенија: падна град, ветер собори дрвја, хаос во сообраќајот

Објавено пред

Силна бура го зафати Загреб и неговата околина денес откако студениот фронт од Словенија пристигна во Хрватска. Силен ветер собори дрвја, паднаа обилни дождови и град, а во некои делови од градот беше прекинат трамвајскиот сообраќај и имаше проблеми во јавниот превоз.

Темни облаци се надвиснаа над хрватската престолнина околу пладне, кога бурата одеднаш се зголеми во интензитет. Граѓаните од неколку загрепски населби пријавија силен ветер кој собори дрвја и кршеше гранки, додека град паѓаше во делови од градот.

Слична ситуација беше забележана и во Самобор, каде што снимките од невремето покажаа улици покриени со град, пишува Dnevnik.hr.


Загрепскиот електричен трамвај (ZET) објави дека дел од трамвајската услуга е прекината откако дрво падна на електричните кабли на трамвајската мрежа.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска (DHMZ) издаде портокалово предупредување за регионите на Загреб, Осиек и Карловац, што укажува на опасни временски услови. Жолто предупредување е во сила за остатокот од земјата, кое предупредува на потенцијално опасни временски услови.

Метеоролозите наведуваат дека студен фронт пробил од Словенија и донел ненадејна промена на времето, со силен северен и северозападен ветер што локално може да предизвика бури.

Според прогнозата на DHMZ, во текот на попладневните часови се очекува значително намалување на температурата низ цела Хрватска. Во континенталните региони, температурата би можела да падне помеѓу пет и девет степени, додека на крајбрежјето ќе биде помеѓу 11 и 16 степени.

Невремето претходно ја погоди Словенија, каде што беа регистрирани налети на ветер од над 70 километри на час, а во некои делови од земјата паѓаше и град.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Путин: Русија продолжува да развива нуклеарни сили способни да пробијат секаков штит

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Московскиот институт за термотехника (МИТ), едно од клучните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс, каде...

Македонија48 минути

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија...

Македонија54 минути

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија надлежните

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во...

Македонија1 час

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации...

Македонија1 час

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен...

Македонија2 часа

Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот...

Македонија2 часа

Мицкоски вчера прв пат му се јавил на државниот јавен обвинител: Савески за одлуката за мазутот дознал по нејзиното донесување

Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера прв пат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот...

Македонија2 часа

Филков за запирање на истрагата за мазутотoт: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем,...

Култура3 часа

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со...