Контакт

Регион

(Видео) Северин Красимиров: Виновен сум, ако пресудата биде доживотен затвор, ќе ја одлежам

Објавено пред

Северин Красимиров, кој е обвинет за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, во пресрет на денешното сослушување во судот изјави дека жали што ја убил Маринова и дека не сакал да го направи тоа, пренесуваат бугарските медиуми.

„Да, виновен сум и многу жалам“, рече Красимиров.

На прашањето што доколку судот го осуди на доживотен затвор, Красимиров вели: „Ако пресудата е доживотен затвор, ќе ја лежам“.

Тој не се сеќава како дошло до убиството, слабо ја помни ноќта кога ја сретнал новинарката, а на прашањето дали ја силувал, вели дека не се сеќава. Беше прашан и дали бил под дејство на алкохол или наркотици, на што тој одговори дека земал „кристал“.

Северин Красимиров (21) пред два дена беше екстрадиран од Германија во Бугарија.

Триесетгодишната истражувачка новинарка беше бутално претепана, силувана и задавена во градот Русе, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на река.

Регион

Протести во Бугарија, блокирани граничните премини

Објавено пред

Илјадници Бугари ги блокираа главните улици и граничните премини кон Турција и Грција во знак на протест против поскапувањето на горивата во најсиромашната земја во Европската Унија.

„Анадолија“ објави дека биле блокирани и граничните премини со Романија и со Србија.

Протестите се одржуваат секој викенд во текот на изминатиов месец. Демонстрантите повеќе часа го блокираат сообраќајот на повеќе места на главните автопати.

На автопатот кој води кон границата со Турција полицијата се обидела да ги спречи возачите да го блокираат сообраќајот, но тие го пробиле кордонот.

Протестни собори се одржаа во Софија и во другите поголеми градови, а учесниците и за утре најавија блокади на улиците.

Прикажи повеќе...

Регион

„Колона на сеќавање“ во Вуковар

Објавено пред

Во Хрватска се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, тој ден Хрватите го сметаат падот на тој град. Во „Колона на сеќавање“ присуствуваа државниот врв на Хрватска, Здруженијата на бранители и голем број граѓани.

„Колоната долга пет ипол километри, се одржува секој 18 ноември во знак на сеќавање на влезот на единицата на ЈНА во 1991 година во овој град.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ, членови на владата и илјада граѓани се собраа во дворот на вуковарската болница, од каде тргнаа кон меморијалните гробишта, каде ќе одадат почит на вуковарските жртви.

„Нема прошка, нема амнестија кај воените злосторства. Воените злосторства не застаруваат“ порача Пленковиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Објавено пред

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта, пренесуваат грчките медиуми.

Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски екипи возвратија со солзавец, шок бомби и топови со вода.

Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде се наоѓа Политехничкиот факултет. Во нередите демонстранти го запалија и американското знаме.

Во нередите кои траеа речиси 4 часа, уапсени се 19 лица, а неофицијално повредени се двајца полицајци.
Во маршот од Политехничкиот факултет до американската амбасада учествуваа и министри и пратеници од „Сириза“. Протести имаше и во Солун и Патра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Европа2 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести3 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија4 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет6 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија6 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски8 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион9 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет10 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Досие