Регион
Падна владата на Кирил Петков

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС. За недоверба гласаа 123 пратеници наспроти 116 кои беа против, никој не е воздржан.
Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.
Како што пренесува БГНЕС, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја. Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија ги укинува царините за стоки од Македонија, Србија и од Косово

Албанската влада одлучи да ги укине царинските тарифи за стоки што минуваат на албанските гранични премини по потекло од Србија, Косово и од Македонија.
Одлуката дојде како последица на решителноста на земјата во процесот „Отворен Балкан“ и помошта што членовите на иницијативата мора да си ја дадат меѓусебно во кризата на високите цени.
Иако Приштина не е дел од оваа иницијатива, Министерството за финансии во Тирана одлучило за нејзино вклучување врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери, јавуваат медиумите во Тирана.
Надоместоците за паркирање возила, печатирање стока и нивно мерење повеќе нема да се наплаќаат.
Медиумите во Тирана наведуваат дека Албанија во првите пет месеци од годинава на косовскиот пазар извезла стока во вредност од 132 милиона евра. 100 милиони во Србија и 62 милиона во Македонија.
Регион
Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово, Вучиќ одговори

Членовите на Европскиот парламент (ЕП) усвоија резолуција во Стразбур, во која се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, што вклучува воведување санкции против Русија.
Резолуцијата беше усвоена на пленарната седница на ЕП со 523 гласа „за“, 78 „против“ и 34 воздржани.
Со резолуцијата Европскиот парламент првпат ги повикува Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите врз основа на заемно признавање.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема ни да го разгледа барањето на Европскиот парламент за Косово.
Тој кажа како Србија ќе одговори:
„Убаво, пристојно и учтиво – нема. Можеме ли да направиме нешто попристојно? Не ни паѓа на памет. Можеме ли да направиме нешто уште попристојно? Нема ни да разгледуваме“, беше јасен Вучиќ.
На прашањето дали ќе се согласи да оди на дијалог со Албин Курти, Вучиќ рече дека би сакал, но дека никој не му се јавил и дека не гледа смисла во тоа.
Регион
Рама: Бидете внимателни со Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска, за холандскиот весник „Волкскрант“, изјави дека ЕУ треба да биде внимателна со Србија.
Тој посочи и дека од Белград не треба да се бара нешто што не може да го исполни.
„Србија не може бргу да се ослободи од зависноста главно од рускиот гас, но трипати гласаше против руската инвазија на Украина во Обединетите нации. Ова е уникатно и ново, никој не го очекуваше ова. Сепак, Балканот останува незаштитен круг. Војната во Украина лесно би можела да ескалира, па дури и да доведе до отворен конфликт“, рече Рама, пренесе албанската агенција АТА.
Рама го посети холандскиот премиер Руте и изјави дека долго време ја чувствува холандската блокада за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ, но дека сега гледа големи можности за соработка.