Контакт

Регион

Падна косовската влада на Курти, собранието изгласа недоверба

Објавено пред

Владата на премиерот Албин Курти не го преживеа гласањето во косовскиот парламент во ек на пандемијата на коронавирусот.

Косовското собрание гласаше против косовската влада, конкретно за недоверба гласаа 82 пратеника , 32 беа „против“, а еден гласаше воздржано.

Иницијативата за недоверба е поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, кој беше коалициски партнер во Владата.

Разрешување на Владата се бараше поради неукинување на данокот на стока од Србија и БиХ, што е поврзано наводно со уништување на односите со Соединетите Држави, како и отстранување на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни работи по спорот околу тоа дали да се прогласи вонредна состојба за борба против коронавирусот.

Велиу ги поддржа повиците на косовскиот претседател Хaшим Тачи за вонредна состојба, додека Курти ваквата мерка ја оцени како драстична и го отповика министерот Велиу.

 

Регион

Синот на Вучиќ заболен од коронавирус

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС.

„Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател неодамна изјави дека син му Данило и ќерка му Милица волонтираат по прогласувањето на епидемијата. На една прес-конференција рече дека неговите деца им носат храна и основни продукти на пензионери.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 219 новозаболени, починале четири лица

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 219 нови случаи на коронавирус, а четири лица починале, со што вкупната бројка на починати е 65 лица, соопштија претставници на државниот кризен штаб.

Во болниците има 1.726 заразени лица, а 112 од нив се на респиратори.

Прикажи повеќе...

Регион

Коронавирусот го одложи самитот ЕУ-Западен Балкан

Објавено пред

Хрватското претседателство со Советот на ЕУ донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и самитот ЕУ-Западен Балкан, закажан да се одржи во Загреб на 7 мај, со цел да се ограничи ширењето на пандемијата „Ковид-19“.

Како што се наведува на веб-страницата на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе се обидат да се најде нов термин во јуни, доколку дозволува ситуацијата.

„Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи преку видео (до крајот на хрватското претседателство)“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа3 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија12 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа14 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа14 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија14 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија15 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија17 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет17 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија18 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет18 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија18 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет22 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет22 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија23 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет23 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет23 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет23 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет24 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион24 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Досие