Регион
Парламентарни избори во Грција

9.813.595 граѓани денеска гласаат на парламентарните избори во Грцијa.
Гласањето е од 7 часот утрово до 19 часот по локално време, а е задолжително за сите граѓани со право на глас, со исклучок на оние кои не се во земјата или се на возраст од над 70 години.
На изборите учествуваат 26 партии, четири коалиции и два самостојни и независни кандидати.
Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 20.30 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Озлогласениот хрватски нарко бос уапсен во Турција, префрлен во затвор во Сплит

Хрватскиот наркобос, 43-годишниот Ненад Петрак е депортиран од Турција и ставен во затвор во Сплит, соопшти денеска хрватското МВР.
Тој беше уапсен пред десет дена во Истанбул врз основа на налог издаден од Сплитското жупаниско државно обвинителство за обид за убиство, објавија хрватските медиуми.
Хрватското МВР во соопштението не го соопшти името на депортираниот, туку само дека се работи за 43-годишен маж по кого е распишана европска потерница и распишана меѓународна потерница по наредба на сплитското обвинителство.
Тој бил пренесен од Истанбул во Загреб, а потоа во раните утрински часови во придружба на припадници на антитерористичката единица и на Службата за меѓународна полициска соработка бил одведен во Сплит.
Во соопштението објавено е видео од акцијата која, како што се наведува, поминала без безбедносни инциденти.
Регион
Во Белград градски автобус се преполови буквално на половина

Во Белград автобус на градското сообраќајно претпријатие буквално се подели на половина, пишува „Блиц“.
Се работи за голем автобус, со таканаречената хармоника.
Во несреќата нема повредени.
Регион
Столтенберг: Забележани сериозни инциденти на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека во претходниот период во регионот на Западен Балкан се забележани сериозни инциденти, зголемени тензии, запалива реторика и дека НАТО мора да остане фокусиран на тој регион, пренесуваат медиумите во регионот.
„Само што се вратив од посетата на регионот и она што го гледаме таму е дека тензиите растат. Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Ние, всушност, видовме сериозни инциденти на насилство на Косово, вклучително и напад врз мировниците на НАТО“, рече Столтенберг при влегувањето во седиштето на НАТО пред почетокот на првиот состанок на министрите за надворешни работи на алијансата.
Столтенберг додаде дека за време на инцидентите биле ранети 93 војници на НАТО, од кои некои многу сериозно, пренесува „Танјуг“.
„Значи, ова се сериозни инциденти и ние треба да останеме фокусирани на Западен Балкан во исто време кога, се разбира, се справуваме со војната во Газа и исто така продолжуваме да ја поддржуваме Украина. Бидете уверени, НАТО ќе направи сè што е потребно за да обезбеди стабилност во регионот бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан туку и за цела Европа и НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО.