Контакт

Регион

Патарините во Србија поскапеа 14 отсто

Објавено пред

Србија ги зголеми цените на патарините за 14 отсто.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе биде речиси 200 динари, а кај најфреквентните од 60 до 100 динари.

Според одлуката на владата, возачите што патарината ја плаќаат преку електронски уред ќе добијат попуст од 6 отсто.

Новите цени на патарините ќе почнат да важат 8 дена по објавата на одлуката во српскиот „Службен весник“.

Регион

Школската година во српските училишта завршува на 6 јуни, дел од „Рибникар“ ќе постане меморијален центар

Објавено пред

Завршувањето на учебната година за сите училишта во Србија ќе биде на 6 јуни, а основното училиште „Владислав Рибникар“, каде на 3 мај се случи масовно убиство, ќе остане училиште и ќе добие меморијален дел, одлучи денеска српската Влада.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот образовен систем е создаден со цел да обезбеди соодветна поддршка на сите ученици, да ги охрабри на патот кон учењето и да им овозможи да прераснат во здрави, свесни и одговорни личности. Во овој момент, поважно од кога било е да се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца, бидејќи тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, љубов и грижа. Имајќи го предвид ова, Владата на Република Србија, поради трагедиите кои длабоко го погодија целото општество, донесе одлука учебната година да ја заврши на 6 јуни во сите основни и средни училишта во Србија – соопштија од Владата.

Се додава дека училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни, за учениците кои ќе го сакаат тоа. Во тој период може да се реализира дополнителна и подготвителна настава, настава во природа, како и други форми на воспитно-образовна работа, со цел да се поттикнат социјалните и емоционалните вештини на учениците и активности на теми толеранција, емпатија, заедништво, поддршка и благодарност.

„Важно е да се напомене дека сите ученици кои не се задоволни од својот успех ќе имаат можност да ги подобрат оценките на нивно лично барање до 20 јуни. Основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште. Ќе се реконструира и во текот на реконструкцијата ќе се изгради спомен дел во спомен на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште. По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетникот К.К. Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите. Им благодариме на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката“ се додава во соопштено е.

Прикажи повеќе...

Регион

Шефицата на албанското разузнавање тајно во Белград, тврди Бериша

Објавено пред

Во Тирана се прошири веста дека шефицата на албанската разузнавачка служба, Вљора Хисени, дошла во Белград. Оваа информација прв ја соопшти лидерот на албанската опозиција, поранешниот претседател и премиер, Сали Бериша.

dobivaj vesti na viber

Како што тврди Бериша, оваа посета во екот на тензиите на северот од Косово укажува на „координација на силите на Рама и неговиот шеф против Косово, што е многу интересно поради сериозната политичка криза во Белград“.

Според Бериша, оваа посета претставува сериозен удар врз албанската соработка со службите на пријателските земји од регионот.

„По оваа посета, тврди Бериша, тие веќе нема да разменуваат чувствителни информации со албанската служба знаејќи дека доверливиот човек на Рама може да ги испрати во Белград“, објави албанскиот сервис „Политика“.

Членот на Демократската партија, воедно и член на Комисијата за национална безбедност во албанскиот парламент, Фљамур Нока, испрати официјално писмо до претседателот на Албанија, Бајрам Бегаи, во кое бара појаснување во врска со посетата на Хисени на Белград, која, како што тој тврди, ќе трае 10 дена.

„Со оглед на тоа дека Албанија е членка на НАТО, посетата на шефот на службата на земја што не е членка на НАТО предизвика голема загриженост. Тоа е затоа што службата ја претставува главната институција за национална безбедност. Исто така, оваа посета ја зголемува мистеријата и отвора многу прашања бидејќи се случува во многу комплициран и деликатен момент за Косово, каде што српскиот претседател Вучиќ провоцира со нарушување на ситуацијата и мирот и загрозување на стабилноста во регионот“, се наведува во писмото.

Нока како член на Комисијата за национална безбедност побара Бегај да го информира за мотивите, причините и за целта на оваа мистериозна посета.

„Дали беа информирани надредените институции и дали е добиено нивно одобрение? Дали тоа беше направено со консултација и дали нашите партнери во НАТО беа информирани за оваа посета? Барам информациите да ми бидат достапни во рок од 5 дена“, вели тој во барањето до Бегаи.

Хисени претходно беше заменик-директор на Косовската разузнавачка агенција (КИА), но во јуни 2021 година беше разрешена од таа функција со одлука на Вјоса Османи и Аљбин Курти.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во април годинава ја назначи на чело на албанската разузнавачка служба.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Сослушан таксистот што беше киднапиран од масовниот убиец во Младеновац

Објавено пред

Таксистот Драгослав А. (58), кој Урош Блажиќ (21) го киднапира и го држеше како заложник по масакрот што го направи во Младеновац, денеска беше сослушан во Обвинителството во Смедерево.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе „Информер“, таксистот детаљно опишал како Блажиќ налетал на неговиот автомобил и со закани му наредил да го вози до Вињиште во Крагуевац, каде што бил уапсен.

Тој детаљно раскажа сè што му се случило кобната ноќ кога Блажиќ упаднал во неговиот „форд“. По сослушувањето, тој не сакаше да разговара со новинарите бидејќи се плаши од семејството на осомничениот Блажиќ – според извор на „Информер“ од истрагата.

Блажиќ, по убиствата, налетал на такси-возило, во кое имало девојка која го лажела дека е бремена за да ја поштеди неа.

Храбриот таксист успеал да го убеди Блажиќ да ја пушти девојката по што го однел до Вињиште кај Крагуевац, каде што масовниот убиец бил уапсен.

Блажиќ колежот го почна вечерта на 4 мај во Мали Орашје, при што без причина ги уби Марко Митровиќ (18), потоа Лазар Миловановиќ (20) и неговиот братучед Александар М. (17), како и Немања Стевановиќ (21) и малиот Никола М. (15).

Тешко ранил уште шест млади лица. Потоа во Дубона ранил четворица, кои ја поправале капијата, а потоа на 500 метри во училишниот двор ги убил Далибор Тодоровиќ (25), како и полицаецот Милан Паниќ (22) и неговата сестра Кристина (19).

Следуваше драматична потера по Блажиќ во која учествуваа повеќе од 600 полицајци, а тој беше уапсен следното утро во куќата на дедо му по мајка во Вињиште кај Крагуевац. При апсењето ги молеше специјалците да не го тепаат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...

Македонија3 часа

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршијата

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа на скопјанецот што беше уапсен за двојното убиство во скопската...

Македонија5 часа

Шукова: Не се гради пристаниште на Охридското Езеро од албанска страна, се расчистува теренот

Бетонирањето на Охридското Езеро од албанска страна за министерката за животна средина, Каја Шукова, не е поради изградба на пристаниште,...

Македонија5 часа

Струјата, најверојатно, нема да поскапи 13 отсто, претпоставува Бектеши и остави Регулаторната да одлучи

Цената на струјата, најверојатно, нема да се покачи 13 отсто како што бараат некои од компаниите. Ова го посочува министерот...

Македонија5 часа

Одмрзнати цените, нема гаранција дека производите нема да поскапат

Одмрзнати се цените на зеленчукот и овошјето, а министерот за економија, Крешник Бектеши, нема гаранција дека тие нема да поскапат....

Регион5 часа

Бугарското Обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското Градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, за да биде...

Свет7 часа

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули, освен ако алијансата не...

Македонија7 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзалната сала, кое...

Македонија8 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и во Косово стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година во рамките на...

Македонија8 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести9 часа

Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да...

Вести9 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ20 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ22 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ22 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ1 ден

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија1 ден

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија1 ден

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија1 ден

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија1 ден

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...