Контакт

Регион

Пацоли: Имам сознанија дека Србија подмитува држави поради Косово

Објавено пред

Косовскиот министер за надворешни работи тврди дека има сознанија оти Белград ветувал финансиска и помош во оружје во замена за повлекување на признавањето на косовската независност.

„Она што јас го дознав е дека некои помали и посиромашни држави ‘паѓаат’ на таквите ветувања“, рече Беџет Пацоли, пренесе приштинскиот „Бота сот“.

Пацоли ова го изјави по посетата во Белград на претседателот на државата Палау, Томи Ременгес, кој потврди дека неговата земја одлучила да ја суспендира одлуката за признавање на косовската независност до завршување на дијалогот.

„Б92“ пишува дека Палау е 13 земја од светот која го повлекла признавањето на Косово, со што бројот на земји кои го поддржуваат Косово е намален под 100.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за белградски „Блиц“ дека ни Шерлок Холмс не би можел да утврди колку точно земји ја признале косовската независност.

Регион

Во Британија откриени четворица Албанци шверцувани во кутии во багажник

Објавено пред

Четворица Албанци биле пронајдени врзани во картонски кутии во багажник на комби-возило.

Тие претходно платиле по 700 евра за да бидат транспортирани во Велика Британија.

Албанските државјани биле откриени од страна на граничната полиција, а еден од членовите на криминалната група, која го организирала нивното префрлување во Велика Британија, е уапсен и ќе биде депортиран во Албанија по 20 месеци затвор, пренесува „Дејли мејл“.
Граничната полиција го стопирала возилото и побарала од возачот да ги отвори шесте картонски кутии обележани со лента.
Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај патува во Хаг, в среда ќе излезе пред судот

Објавено пред

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе замине утре во Хаг со цел во својство на осомничен да даде изјава пред обвинителите на Специјалниот суд за воени злосторства, пренесуваат косовските медиуми.

Тој веќе в среда би требало да се појави пред обвинителите на Специјалниот суд.

Истиот ден ќе биде испрашан и поранешниот портпарол на Главниот штаб и поранешен претседател на косовското собрание, Јакуб Красниќи.

Уште не е познато во кое својство Красниќи ќе се појави во судот – дали како сведок или како осомничен, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Прикажи повеќе...

Регион

Мета и Харадинај се сретнаа во Приштина

Објавено пред

Албанскиот претседател, Илир Мета, вчера, во Приштина, се сретнал со поранешниот косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

„Среќен сум што се сретнав со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Се гордеам со неговиот инспиративен карактер“, напиша Мета на „Фејсбук“.

Харадинај споедели фотографии од средбата и напиша дека со Мета размениле мислења за состојбите во регионот.

По оставката на Харадинај, Мета нагласи дека се гордее на Харадинај и убеден е во неговата невиност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија15 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија16 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија17 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија18 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија20 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет22 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет22 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет22 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет23 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет23 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет24 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија1 ден

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион2 дена

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет2 дена

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет2 дена

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие